Радовиш

СОУ Коста Сусинов од Радовиш поднесе барање за настава со физичко присуство

Триесет и шест училишта побарале дозвола да спроведуваат физичка настава, од кои 21 основни и 15 средни училишта. 

И СОУ Коста Сусинов од Радовиш поднесе барање до Општина Радовиш од каде е препратено до Министерството за образование, за настава со физичко присуство  на учениците.

 „По одржаните родителски средби  на учениците од прва до четврта година, од 80% присутни родители, само 16 беа за онлјан настава остантите за физичко присуство на настава“, вели директорот на училиштетот Гоце Лазаров.

„Денеска истекува рокот за доставување на барањата, а за тоа кои училишта ќе добијат дозвола за ваков тип на настава ќе оценува владина комисија, согласно здравствените протоколи поради пандемијата“, посочи министерката за образование Мила Царовска.

„Пооптоварените и поголеми училишта кои имаат многу ученици се ризик за отпочнување на физичко присуство. Но, сепак, јас не би сакала да ја коментирам работата ниту на владината комисија, сакам тие да ги донесат одлуките и ние како институција од образованието ќе ги спроведеме како конечни“, вели министерката  Царовска.

Претходно министерот за здравство Венко Филипче посочи дека нема да се дозволи комбинирана настава во скопските училишта над трето одделение.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago