Connect with us

Гевгелија

Засилени контроли во угостителските објекти и ригорозни мерки за помладата популација најави градоначалникот Поцков

Avatar

Published

на

 – Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Гевгелија на одржаната седница побара засилена контрола на примената на заштитните мерки од Корона вирусот, посебно во угостителските објекти, каде што е констатирано непочитување на мерките. Наспроти, зголемениот број на заболени лица во текот на минатата недела и загрижувачкиот пораст на забелените имајќи предвид дека во изминатите шест месеци општина Гевгелија имаше најмал број на заразени од Ковид-19.

„Затоа, упатувам најсериозно предупредување до правните субјекти и граѓаните, посебно, до помладата популација дека ќе има ригорозни мерки, изјави Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, по вчерашната седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување информирајќи за донесените заклучоци.

            „Повеќе нема предупредувања бидејќи на угостителските објекти за ублажување на последиците од пандемијата од страна на Општината им беа обезбедени повеќе олеснувања, во поглед на намалувањето на комуналната такса и закупот на јавна површина. Но, очигледно, во дел од нив воопшто не се почитуваат Протоколите за работа донесени од Министерството за здравство. И тоа, на сопствена и штета на сите граѓани, на правните субјекти и воопшто на економијата на општина Гевгелија“, додава Поцков.

             „Добро знаеме дека локалниот економски развој на општината е во директна врска со прекуграничниот промет, поточно, престојот на грчките државјани во нашата општина. Затоа и ни е потребна поволна епидемиолошка карта за обезбедување на „зелена зона“ за граничен промет. Досега, на тој план добро се држевме бидејќи бројот на заболените беше мал. Но, со непочитување на мерките, како во угостителските објекти, во деловните објекти, на работните места и воопшто од страна на дел од граѓаните последниве денови имаме зголемен број на позитивни тестирања. Тоа може да ја загрози поволната епидемиолошка карта на општината и целосно ги затвори можностите за обнова на економскиот живот во општината. Затоа и Општинскиот штаб беше категоричен за примена на поригорозни мерки од сите надлежни општински и државни органи и институции, додека од оние државни органи кои не се вклучени во контролата на примената на мерките да бидат побарани извештаи“, појаснува градоначалникот Сашо Поцков.

              Градоначалникот на општина Гевгелија информираше дека Општинскиот штаб бил информиран за подготвеноста на детските градинки на 430 деца на самохрани вработени родители и деца на коишто двајцата родители се на работа, без можност за работа од дома. Вообичаено детските градинки во општина Гевгелија секоја година згрижувале по 730 деца, додека за стотина деца немало услови за згрижување.

„Поради тоа во план ни е доградба на Детската градинка „Сончогледи“ во Гевгелија или изградба на нова градинка. Меѓутоа, поради пандемијата и Протоколите за работа на детските градинки приоритет им беше даден на децата на сите вработени родители и деца на коишто двајцата родители се на работа“, рече Поцков.

Гевгелија

Билјана Ванковска од Гевгелија: Нема повеќе попуштање кога се во прашање националните интереси

Avatar

Published

на

Претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска, вчера беше во посета на Богданци и Гевгелија.

На средбата Ванковска беше придружувана и од носителот на ИЕ 4, советникот, Сашко Јанчев.

Билјана Ванковска од Гевгелија: Нема повеќе попуштање кога се во прашање националните интереси и дека сите штетни политики по националните интереси ќе бидат поништени.

Носителот на ИЕ 4, Јанчев, истакна дека април и мај се историски месеци во кои народот од Гевгелиско и Богданско правеле историски и судбоносни потези во корист на македонскиот народ и држава.

Затоа не се сомневаме дека и овој мај и април народот од Југот согласно своите традиции повторно ќе донесе историски исправна одлука во овие критични денови за Македонија и ќе ги казни оние кои триесет години ја раскрчмуваат Македонија.

Гевгеличани на плоштадот во Гевгелија ја изразија целосната поддршка и порачаа дека мудроста на Ванковска и младоста и силата на Левица се иднината и спасот на Македонија.

После средбата со граѓаните, Ванковска и Јанчев, положија цвеќе на споменикот на гевгелиските евреи кои биле депортирано од бугарскиот фашистички окупатор и на Спомен костурницата на гевгелиските борци од НОВ.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Исчезнало лице од Гевгелија, случајот пријавен во полиција

Avatar

Published

на

На 14.03.2024 во 09.30 часот во Полициската станица Гевгелија, С.З.С.(44) од Гевгелија пријавила дека од јули 2023 година од домот се оддалечил нејзиниот братучед Р.М.(46) од Гевгелија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Завршена изградбата на браната „Конско“, најголем водостопански проект изграден во државата во последните 20 години

Avatar

Published

на

Завршена изградбата на браната „Конско“, најголем капитален проект во последните 50 години, како што беше речено на вчерашниот настан по повод завршувањето од изградбата на браната, со придружни објекти и акумулација на река Конско.

Модерно наводнување на најмалку 6 500 хектари во текот на целата година, зголемување на обработливите површини за пет пати, помали трошоци и поконкурентно производство, ќе овозможи браната „Конско“ чија изградба и официјално е завршена.

Инвестиција вредна над 40 милиони евра, обезбедена директно од Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Новата вештачка акумулација е изградена со користење најсовремени технолошки методи, по светски стандарди. Водата од акумулациското езеро, освен за наводнување, ќе се користи и за производство на електрична енергија.

Со грант од Кралството Шпанија предвидена е изградба на пловечки фотоволтаици со што ќе се намали цената на водата за наводнување, а ќе се зголеми енергетската независност на државата, беше речено на настанот. Планирани се и 2 мали хидроцентрали во рамките на хидросистемот.

 Покрај гевгелискиот регион, акумулацијата ќе може да ги снабдува со вода за наводнување и Богданци и околината, како и  дојранскиот регион. На настанот свои обраќања имаа претседателот, Стево Пендаровски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и извршниот директор на фирмата изведувач на проектот, Хасан Адали.

Браната „Конско“ е дел од Хидромелиоративниот систем „Гевгелиско поле“ и е една од најсериозните инвестициии во македонското земјоделство, но и на енергетски план. Акумулацијата ќе овозможи и развој на руралниот туризам, спортски и рекреативен риболов.

Прочитај повеќе