Гевгелија
Организацијата “Changemakers4all“ во недела најавува протест против поскапувањето на струјата
Published
3 години agoна
By
Media Press
Здружението “Changemakers4All” во недела на 06.09.2020 во 20:00 часот организира протест пред седиштето на ЕВН во Гевгелија по повод најавеното поскапување на струјата од страна на Регулаторната комисија за енергетика.
„Упатуваме повик до сите граѓани и стопански субјекти во општината, во знак на солидарност, точно во 20:00 часот на само три минути да го ислкучат осветлувањето во нивните домови или стопански објекти.
Оние кои во овие тешки времиња се дрзнале да профитираат на наш грб, во темницата ќе можат најубаво да не видат! – објавија тие на својата официјална фејсбук страница
Тие дополнуваат дека протестот ќе се одвива со запазување на сите безбедносни протоколи.

Поврзани содржини
ССМ: Ако може за ФУНКЦИОНЕРИТЕ, мора и за РАБОТНИЦИТЕ
Протест пред Министерството за здравство во четврток, доколку во среда не се потпише анексот на КД, најави СС на здравство
Министерство за економија со предлог до Влада да се укине мерката за субвенционирана струjа за прехранбената индустрија
Денеска протест пред Основното Јавно Обвинитество во Скопје
Три општини во државава, во време на енергетска криза, трошеле повеќе струја од лани
Прехранбената индустрија, водостопанствата и училиштата од денеска ќе склучуваат договори за снабдување со поевтина електрична енергија
Гевгелија
Современа угостителска сала доби СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија
Published
1 недела agoна
мај 31, 2023By
Media Press
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, во рамки на вчерашната дисеминација на проектот „Трендови во автомобилската индустрија“ преку Еразмус+ Програмата, којашто се одржа во новоуредената угостителска сала, заедно со директорката на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, Марија Танева, изврши увид во новоопремениот угостителскиот објект на Училиштето.
Изминатиот период, за комплетната функционалност на угостителската сала, кујна и кабинети беа набавени опрема и инвентар, во вредност од 2.161.739 денари. Претходно, во периодот 2009-2017 година беше реконструирана салата и обезбедена со опрема за готварство, со заштеда на средствата од блок-дотации. Новиот угостителски објект во СОУ „Јосиф Јосифовски“ располага со два кабинети- еден по готварство, кујна и кабинет по послужување, т.е. угостителската сала.

Со неговото целосно уредување и опремување, Гевгелија доби уште еден модерен угостителски објект со капацитет за 150 луѓе. Но, со првенствена цел – обезбедени се најсовремени услови за стекнување знаења и вештини и изведување практична настава на учениците од угостителско-туристичката струка. Се разбира, и простор за одржување на сите активности предвидени со Програмата за работа на Училиштето, како и одбележување на настани и прослави, организирање слободни ученички активности, одржувања семинари и сл.

Инаку, настанот за дисеминација на проектот: „Трендови во автомобилската индустрија“ се одржа по враќањето на 14. ученици од машинската струка, кои преку Еразмус- програмата престојуваа во повеќе градови во Германија заедно со нивните професори, каде што ги посетија тамошните сервиси за моторни возила и имаа можност да се запознаат со нови знаења, вештини и искуства. Притоа, овој настан беше збогатен и со културно-уметничка програма, кои можеа да ја проследат онлајн и сите претставници, партнери и соработници вкучени во Проектот.
Гевгелија
Приведен криумчар на мигранти, кој на мотор превезувал лице-нелегален мигрант
Published
1 месец agoна
мај 2, 2023By
Media Press
Денеска (30.04.2023) околу 13 часот во близина на граничниот премин Богородица полициски службеници од РЦГР Југ го лишиле од слобода Г.Б. (24) од Гевгелија, кој на мотор превезувал лице-нелегален мигрант од Пакистан.
Г.Б. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот до наделжното обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење мигранти“.
Гевгелија
Приведен криумчар на мигранти, превезувал четворица сиријци
Published
2 месеци agoна
април 20, 2023By
Media Press
Вчера околу 15 часот на локалниот пат Прдејци – Смоквица, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Н.Р.(57) од Скопје. При преглед во возило “фолксваген пасат” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник. Н.Р. бил задржан во полициска станица, а мигрантите се сместени во прифатно-транзитен центар.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Н.Р. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Три јавни повици за субвенции за микро, мали и средни компании за занаетчии и за дигитализација за женско претприемништво

Објавен е јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Приведени двајца криумчари на мигранти кај „Раскрсница Удово“, сузбиена е и меѓународна група за криумчарење мигранти

Во тек се неколку работни активности во Општина Радовиш
