Connect with us

Гевгелија

Засилени контроли во угостителските објекти и ригорозни мерки за помладата популација најави градоначалникот Поцков

Виолета | Media Press

Published

on

 – Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Гевгелија на одржаната седница побара засилена контрола на примената на заштитните мерки од Корона вирусот, посебно во угостителските објекти, каде што е констатирано непочитување на мерките. Наспроти, зголемениот број на заболени лица во текот на минатата недела и загрижувачкиот пораст на забелените имајќи предвид дека во изминатите шест месеци општина Гевгелија имаше најмал број на заразени од Ковид-19.

„Затоа, упатувам најсериозно предупредување до правните субјекти и граѓаните, посебно, до помладата популација дека ќе има ригорозни мерки, изјави Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, по вчерашната седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување информирајќи за донесените заклучоци.

            „Повеќе нема предупредувања бидејќи на угостителските објекти за ублажување на последиците од пандемијата од страна на Општината им беа обезбедени повеќе олеснувања, во поглед на намалувањето на комуналната такса и закупот на јавна површина. Но, очигледно, во дел од нив воопшто не се почитуваат Протоколите за работа донесени од Министерството за здравство. И тоа, на сопствена и штета на сите граѓани, на правните субјекти и воопшто на економијата на општина Гевгелија“, додава Поцков.

             „Добро знаеме дека локалниот економски развој на општината е во директна врска со прекуграничниот промет, поточно, престојот на грчките државјани во нашата општина. Затоа и ни е потребна поволна епидемиолошка карта за обезбедување на „зелена зона“ за граничен промет. Досега, на тој план добро се држевме бидејќи бројот на заболените беше мал. Но, со непочитување на мерките, како во угостителските објекти, во деловните објекти, на работните места и воопшто од страна на дел од граѓаните последниве денови имаме зголемен број на позитивни тестирања. Тоа може да ја загрози поволната епидемиолошка карта на општината и целосно ги затвори можностите за обнова на економскиот живот во општината. Затоа и Општинскиот штаб беше категоричен за примена на поригорозни мерки од сите надлежни општински и државни органи и институции, додека од оние државни органи кои не се вклучени во контролата на примената на мерките да бидат побарани извештаи“, појаснува градоначалникот Сашо Поцков.

              Градоначалникот на општина Гевгелија информираше дека Општинскиот штаб бил информиран за подготвеноста на детските градинки на 430 деца на самохрани вработени родители и деца на коишто двајцата родители се на работа, без можност за работа од дома. Вообичаено детските градинки во општина Гевгелија секоја година згрижувале по 730 деца, додека за стотина деца немало услови за згрижување.

„Поради тоа во план ни е доградба на Детската градинка „Сончогледи“ во Гевгелија или изградба на нова градинка. Меѓутоа, поради пандемијата и Протоколите за работа на детските градинки приоритет им беше даден на децата на сите вработени родители и деца на коишто двајцата родители се на работа“, рече Поцков.

Гевгелија

Приведен дилер на марихуана од гевгелиско

Виолета | Media Press

Published

on

Полицијата од Гевгелија приведе дилер на марихуана.  Насадите биле откриени во атарот  на село Миравци, на место викано „Лаго“. На три локации на растојание од околу 50-60 метри полициски службеници откриле 60 стебла од растението Канабис Сатива. Приведениот,  24 годишен жител од селото Миравци сам ја одгледувал марихуаната.

Од страна на полициски службеници од Надворешната камцеларија за криминалистички работи Гевгелија преземени се мерки и активности со цел расчистување на случајот. Пријавениот С.К. на 08.09.2020 во 18.10 часот, на местото викано „Лаго“, атар на с. Миравци, на лице место бил затекнат од полициски службеници како неовластено одгледува растение Канабис Сатива. По извршен претрес во негова торба биле пронајдени свежо набрани цветни завршетоци во завршна фаза на вегетација од три стебла од растението Канабис Сатива. По наредба на јавен обвинител истиот ден бил извршен претрес во домот и помошните простории на пријавениот.

Против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело – неовластено производство и продажба на дрога, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. 

Continue Reading

Гевгелија

Советот на Општина Гевгелија ќе ги разгледува барањата на гевгелиските училишта за организирање настава

Виолета | Media Press

Published

on

      Советот на Општина Гевгелија, утре, со почеток во 10 часот, на својата 49 вонредна седница, ќе расправа и ќе ги разгледува доставените барања на училиштата во Гевгелија за начинот на реализација на воспитно-образовниот процес за време на пандемија од Корона вирус, согласно просторните условите на училиштата. 

            „По задолжението од Министерството за образование, училиштата изготвија барања со образложување на условите за изведување настава со физичко присуство. Направените согледувања укажуваат дека училиштата во Општина Гевгелија, покрај условите за организирање на наставата со физичко присуство на учениците од прво до трето одделение, постојат услови од 1 октомври, се разбира, согласно протоколите, да се организира настава со физичко присуство на учениците и во другите одделенија. Но, и за организирање на комбинирана настава, со физичко присуство и со онлајн настава која ќе се менува секоја недела“, велат од општината.

            Откако Советот ќе ги разгледа барањата на училиштата, истите ќе бидат доставени до Владата на РСМ која по увидот на посебната работна група, формирана од надлежните министерства, ќе одлучува за барањата.  

Continue Reading

Гевгелија

Стопанството во општина Гевгелија трпи значителни загуби поради затворените граници со соседна Грција

Виолета | Media Press

Published

on

 Гевгелиските стопанственици,  одржаa работна средба со министерот за здравство, Венко Филипче и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Бетиќи, на барање на градоначалникот  Сашо Поцков.

„По заедничката дискусија заедно со претставниците од сите стопански дејности, констатиравме дека стопанството во општината трпи значителни загуби поради затворените граници со соседна Грција и протокот на Грците кои значително влијаеја врз локалниот економски развој.

Од страна на министерот Филипче беше ветено дека ќе биде разгледана можноста да се отворат границите и овој проблем да биде разрешен во најбрз период. Исто така, информираше дека Општата болница со проширена дејност во Гевгелија ќе биде опремена со апарат за брзо тестирање.

Вицепремиерот за економски прашања, Бетиќи, го најави 4 сет економски мерки на Владата на РСМ за ублажување на последиците од Корона-кризата кој ќе почне да се реализира од крајот на идната недела, а неколку предлога на стопанствениците ги нотираше ветувајќи дека ќе бидат вметнати во сетот мерки, во зависност од можностите на Буџетот на државата, вели градоначалникот Сашо Поцков, кој изразува благодарност на министерот Филипче и вицепремиерот Бетиќи за нивното гостување и нивниот слух за проблемите со кои се соочува Општина Гевгелија!

Continue Reading