Македонија
Царовска најави дека сепак учебната година ќе заврши на 10 јуни
Објавено на
Од
Media Press
Учебната година ќе заврши на 10 јуни, а сите ученици ќе бидат оценувани со физичко присуство без оглед дали следеле настава во училница или онлајн, најави министерката за образование и наука, Мила Царовска по денешната средба со директори на основни и средни училишта во земјава
„ Почетокот на учебната година вообичаено е на 1 септември, но наставната програма може да почне на 1 октомври, како што ќе биде случај сега. Ќе се работи на скратени програми што, според закон, нема да бидат под 100 часа. Бирото за развој на образованието овојпат ги скрати програмите за да може да ја завршиме школската година на 10 јуни. Наместо 180 денови, ќе имаме 159 што ќе треба да се адаптираат во програмата. Програмата е поедноставена, часовите ќе траат 30 минути и сите овие програми со упатство за употреба ќе треба да бидат доставени до училиштата во петок“, рече Царовска.
„Денес сум на средба со речиси сите директори на основните и на средните училишта во државата. Со нив разговараме за остварување на наставата во 2020/21 година, согласно Планот, кој Владата го усвои вчера. Зборуваме за сите предизвици, но и за заедничката заложба да ја стартуваме училишната година во најдобар ред. Ако сите се вложиме максимално, ќе имаме успешна училишна година и во време на пандемија“, објави Царовска на фејсбук.
Училиштата во земјава се затворени од 10 март поради пандемијата на коронавирус, а учениците ја завршија школската година со онлајн настава.
Царовска вчера кажа дека училиштето ќе може да формира класови до 20 ученици.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!



