Connect with us

Здравје

ИЈЗ: Трендот на намалување на бројот нови случаи продолжува

Александар | Media Press

Published

on

Институтот за јавно здравје во својот извештај за период 24-30 август 2020 известува дека има намалување од 10,6% на материјалите за тестирање во лабораториите однос на минатата недела. За изминатата недела има нови 666 позитивни случаи од 29 градови што е намалување од 20,6% во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 158 позитивни односно 23,7%. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (20,7%), 50-59 (18,3%) и 20-29 (17,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (1,8%) и 10-19 години (4,7%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 288 (43,2%) лица од женски и 378 (56,8%) од машки пол.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (98,6%), регистриран е 71 (10,7%) хоспитализиран (намалување од 40,3% во споредба со минатата недела), а кај 195 (29,6%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на нови случаи, 212 (32,2%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 24 лица со историја на патување (во последни 14 дена).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.112 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 35 смртни случаи од 13 градови, зголемување од 84,2% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 26 биле над 60 години, 5 на возраст од 50-59 и 4 на возраст од 40-49 години. Сите починати биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 29 починати лица.

прикажи повеќе
Advertisement

Здравје

140 нови случаи на ковид-19, од кои 15 се од Гевгелија, Струмица и Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1507 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-43, Куманово-10, Дебар-3, Штип-4, Прилеп-9, Тетово-12, Струга-7, Велес-2, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-3, Гостивар-9, Гевгелија-2, Струмица-11, Крива Паланка-1, Радовиш-2, Кочани-5, Македонски Брод-1, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-2, Ресен-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 134 оздравени пациенит од: Скопје-66, Куманово-8, Штип-9, Прилеп-7, Тетово-8, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Гостивар-8, Гевгелија-1, Струмица-1, Кочани-2 Пробиштип-2, Македонски Брод-3, Пехчево-1, Делчево-5, Свети Николе-5, Неготино-1.

Починати се 4 лица, пациент од Прилеп (71г), од Тетово (73г), од Гостивар (63) и пациент од Скопје (64г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15694,  бројката на оздравени пациенти е 13128, на починати е 646, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1920.

Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашната статистика, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6292, активни 566

• Куманово 1589, активни 215

• Дебар 268, активни 35

• Штип 1204, активни 76

• Прилеп 551, активни 133

• Тетово 1291, активни 120

• Струга 620, активни 60

• Велес 285, активни 16

• Битола 244, активни 47

• Охрид 389, активни 59

• Кавадарци 198, активни 27

• Гостивар 847, активни 97

• Гевгелија 82, активни 47 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 101, активни 44

• Крива Паланка 80, активни 36

• Радовиш 52, активни 11

• Крушево 18, активни 2

• Кочани 184, активни 50

• Пробиштип 94, активни 17

• Демир Хисар 60, активни 2

• Македонски Брод 84, активни 12

• Пехчево 42, активни 27

• Берово 72, активни 33

• Валандово 11, активни 3

• Виница 91, активни 31

• Делчево 124, активни 82 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 24, активни 5

• Свети Николе 307, активни 21

• Кичево 290, активни 37

• Ресен 151, активни 4

• Неготино 49, активни 5 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1507 теста се преку: ИЈЗ-394, ЦЈЗ Скопје-26, Авицена-257,  Биотек-179 , МАНУ -133, Жан Митрев (Филип Втори)-191, Систина со PCR метода -157, лабораторија Лаор –68, Судска медицина-22, ЦЈЗ Битола-26, Инфективна клиника-31, ГАК-23, лаборатории од странство-0. 

Досега во земјата се направени вкупно 164.639 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 39 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 4  мајки позитивни на ковид-19, 4 деца и 4 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 145, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Continue Reading

Здравје

По четири дена повторно еден позитивен случај на Ковид-19 во Радовиш

Александар | Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 484 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 9
-Дебар 1
-Прилеп 5
-Тетово 3
-Гостивар 1
-Гевгелија 12 (странски државјани)
-Струмица 1
-Радовиш 1
-Кочани 1
-Пробиштип 1
-Делчево 1
-Кратово 1

Починати се 6 пациенти, од Скопје (73г), Струга (79г), Гостивар (55г), Крива Паланка (63г), Делчево (86г) и од Кичево (74г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 251 оздравен пациент од:

-Скопје 171
-Куманово 15
-Штип 10
-Прилеп 15
-Тетово 2
-Велес 6
-Битола 2
-Кавадарци 4
-Гостивар 2
-Гевгелија 2
-Пробиштип 3
-Пехчево 3
-Берово 5
-Виница 1
-Свети Николе 8
-Кичево 1
-Неготино 1

Досега во земјата се направени вкупно 158.003 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15127, бројката на оздравени пациенти е 12486, на починати е 623, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2018.

Continue Reading

Здравје

92 нови случаи на Ковид – 19, починале 3 лица. Расте бројот на заболени и во Југоистокот

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 997 тестирања, а регистрирани се 92 нови случаи на Kовид-19 во Скопје-17, Куманово-6, Штип-6, Прилеп-2, Тетово-7, Струга-3, Велес-2, Битола-3, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-5, Гевгелија-3, Струмица-2, Крива Паланка-1, Кочани-3, Македонски Брод-2, Пехчево-3, Берово-1, Делчево-13, Свети Николе-4, Кичево-5 и еден во Неготино.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти од Скопје-24, Куманово-31, Штип-8, Тетово-3, Гостивар-8, Пробиштип-1, Берово-6, Виница-2 и тројца од Делчево.

Починати се 3 лица, пациент од Гостивар (41) и пациент од Дебар (63) кои починале во болница и пациентка од Ресен (35) почината вон болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.090, бројката на оздравени пациенти е 12.235, на починати е 617, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 2.238. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:

• Скопје 6.114, активни 754
• Куманово 1.539, активни 262
• Дебар 260, активни 28
• Штип 1.182, активни 106
• Прилеп 520, активни 152
• Тетово 1.251, активни 124
• Струга 595, активни 65
• Велес 278, активни 26
• Битола 225, активни 42
• Охрид 360, активни 45
• Кавадарци 190, активни 51
• Гостивар 822, активни 136
• Гевгелија 61, активни 36 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
• Струмица 82, активни 30
• Крива Паланка 60, активни 20
• Радовиш 45, активни 6
• Крушево 17, активни 1
• Кочани 160, активни 33
• Пробиштип 89, активни 17
• Демир Хисар 60, активни 2
• Македонски Брод 77, активни 10
• Пехчево 38, активни 31
• Берово 68, активни 46
• Валандово 9, активни 2
• Виница 81, активни 28
• Делчево 102, активни 77 (26 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 22, активни 6
• Свети Николе 302, активни 46
• Кичево 286, активни 47
• Ресен 147, активни 0
• Неготино 48, активни 9 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Досега во земјата се направени вкупно 157.519 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87, а на кислородна поддршка се 53 пациенти.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 2 деца и 1 мајка позитивни на Ковид-19, како и 4 деца и 5 мајки суспектни на вирусот.

Во болницата „8 Септември“ примен е 1, а вкупно хоспитализирани се 21 пациент. На респираторна машина се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 124, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Continue Reading