Connect with us

Здравје

Протоколи за одржување настава со физичко присуство во основните и средните училишта

Avatar

Published

на

Комисијата за заразни болести изготви протоколи за одржување настава со физичко присуство во основните и средните училишта, како и алгоритам за постапување во случај на заболено лице или дете од ковид. И во основните и во средните училишта, наставниот процес се одвива во период од 07:00 часот до 20:00 часот.

  • За влез и излез на учениците, училиштето ги става во функција сите влезови во училишната зграда и изготвува распоред за влез/излез со различно време на влегување и излегување на учениците за секое одделение кое го истакнува на видни места во училиштето,
  • На влезот од училиштето, во ходниците и училниците се поставуваат едукативно-информативни материјали, насоки за заштита на здравјето и безбедност во училиштето и средства за дезинфекција на рацете,
  • Училиштата задолжително поставуваат ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето,
  • Во основните училишта родителите/старателите ги испраќаат учениците до назначениот влез на училиштето и се забранува нивно влегување во училиштето, освен за родителите/старателите/образовните асистенти на учениците со посебни образовни потреби, секако со задолжително носење на маска/прекривка на лицето,
  • На секој влез од училиштето, учениците ги пречекува дежурен наставник, кој се грижи ученикот да ги дезинфекцира обувките и рацете, односно му помага на ученикот да ги дезинфекцира рацете со дезинфекционо средство,
  • На учениците кои доаѓаат со организиран превоз, им се мери телесната температура пред влегување во автобус и се врши дезинфекција на рацете и обувките. Учениците кои имаат зголемена температура (над 37°) се враќаат дома со препораки родителот да превземе соооветни здравствени мерки. Во организиран и во јавен превоз, задолжително треба да се почитуваат мерките за заштита,
  • Вработените во училиштето и учениците при влегување во училиште, за време на престојот и за време на наставата задолжително ја почитуваат мерката за физичка дистанца од најмалку 1,5 метар и носат заштитна маска/покривка на лицето и носот, освен кога се на отворено во училишниот двор со одржување на препорачаната дистанца,
  • Вработените при влезот во училиште задолжително ги дезинфекцираат обувките и рацете,
  • На сите вработени им се мери телесна температура пред влезот на училиштето со безконтактен топломер и во случај на зголемена температура (над 37°) вработениот се упатува кај матичен лекар,
  • На учениците пред влезот на училиштето, им се мери телесна температура со безконтактен топломер. Во случај на покачена телесна температура (над 37°) не се дозволува влез на ученикот во училиште и родителот се упатува на консултација кај матичниот педијатар. Децата со знаци на други заразни болести исто така не смеат да доаѓаат на училиште,
  • Се забрануваат поздравувања со физички контакт за вработените во училиштето и меѓу учениците,
  • За време на наставата и одморите, со учениците задолжително е присутен класниот раководител/наставник и се грижи за почитување на физичка дистанца меѓу учениците,
  • Наставата во училница се изведува со најмногу до 20 ученици во училница и обезбедено физичко растојание од 1,5 метри. За основните училишта, секогаш кога е можно и дозволуваат временските услови, наставата се реализира надвор од училница во училишниот двор, на отворено. Доколку се реализира така, се препорачува да не се носат маски/прекривки на лицето, но да се почитува задолжително препорачаната физичка дистанца помеѓу ученик-ученик и наставник-ученик од најмалку 1,5 метри,
  • Учениците од една паралелка престојуваат во една просторија и се забранува кабинетска настава, заради грижа за здравјето на учениците.Првиот ден од наставата започнува со упатства за учениците за тоа како правилно и безбедно да се однесуваат, да одржуваат физичко растојание, хигиена на рацете и заштита на сопственото здравје, но и здравјето на останатите ученици и вработените во училиштето,
  • Користењето на спортската сала, библиотеката и други простории треба да биде од група ученици од иста паралелка, така што да нема можност за мешање на повеќе ученици од различни паралелки (пр. За време на еден наставен час, една паралелка е во фискултурната сала, а две паралелки се надвор во училишниот двор или на спортските терени),
  • Употребата на тоалетите се организира на начин што ќе овозможи присуство на помал број ученици и запазена дистанца (на пример, ако тоалетот е помал, ученикот треба да чека надвор од тоалетот додека излезе ученикот кој е внатре),
  • Учениците носат оброк/храна од дома или доколку е можно за организација, оброкот што го обезбедува училиштето, како што е тоа случај во основните училишта, треба да биде соодветно спакуван или готов производ. Учениците оброкот го консумираат во училницата во која реализираат настава,
  • Задолжително е редовно проветрување, хигиена и дезинфекција на сите простории училници, холови, тоалети, спортска сала, пред и по завршување на смената и за време на одморите,
  • Не е дозволено влегување на други лица (на пример, за чистење, поправка или внесување храна) во училниците сè додека учениците се наоѓаат во нив,
  • Во средните училишта, за реализација на практичната обука и учење преку работа, училиштето изготвува распоред за користење на училишните капацитети,
  • Користењето на училишните капацитети е со задолжително почитување на сите протоколи за безбедност на учениците. Учениците и одговорните наставници задолжително ги почитуваат протоколите на компанииите,
  • Доколку во училиштето се појави заболен од КОВИД-19 или лице кое имало контакт со лице заболено од КОВИД-19, лицето треба да се изолира во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка, а директорот треба да воспостави комуникација со Центарот за јавно здравје за добивање на понатамошни насоки за постапување. За преземените активности училиштето доставува извештај до општината, а општината до Министерството за образование и наука,

Ако ученик развие симптоми на КОВИД-19 додека е во училиште, наставникот/стручниот соработник го изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка и веднаш ги известува родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето со цел консултација и натамошни активности со матичниот лекар на ученикот,

Доколку се потврди дека ученик е заболен од КОВИД – 19, се известува епидемиолошката служба во Центарот за јавно здравје кој итно треба да направи анкета со наставниците и учениците за проценка на степенот на ризик врз основа на контактите кои ги имале.

Здравје

Како да ја ублажите кашлицата? РЕЦЕПТ

Avatar

Published

на

Кромидот е многу хранлива и здрава храна, а она што го прави толку лековито е содржината на витамините А, Б1, Б2, Ц и фитонциди, кои прават моќна комбинација кога е во прашање одбраната на вашето тело.

Витаминот А помага во одржувањето на правилното функционирање на имунолошкиот систем и заедно со витаминот Б2, обезбедува правилно функционирање на мукозната мембрана и респираторниот тракт. Витаминот Ц го зајакнува имунолошкиот одговор на телото, го скратува времетраењето на настинките и го промовира растот и ефикасноста на имуните клетки, а исто така промовира зголемување на количината на интерферон, кој има антивирусно дејство. Фитоцидите се карактеризираат со силни антибактериски својства, го спречуваат развојот и ширењето на вирусите во телото и успешно се борат дури и со туберкулозата.

Сирупот од кромид е многу лесен за подготовка, евтин е, здрав и може да се даде и на возрасни и на деца. Се препорачува при кашлица, намалување на слузта (количество на акумулирана слуз во органите за дишење), намалување на телесната температура и други воспалителни процеси, особено на горниот и долниот респираторен тракт. Кромидот ја забрзува циркулацијата, што го поттикнува потењето и исфрлањето на токсините и вирусите од телото.

Рецепт за сируп од кромид:

1 поголем кромид
2-3 лажици шеќер или кромид исечкајте ги на помали коцки и додадете шеќер или мед.

Оставете покриено неколку часа. По 3-4 часа, процедете 4-5 ml сируп. Најдобро е секој ден да правите нов сируп, бидејќи хранливата вредност исчезнува по стоењето.

Во сирупот од кромид можете да додадете и едно чешне мелено лук, што дополнително ќе помогне во борбата против вирусите и бактериите.

Конзумирајте го сирупот три пати на ден по лажичка (5 ml).

Прочитај повеќе

Здравје

Како сами да си помогнете во случај на срцев удар!

Avatar

Published

на

ИНФАРКЦИЈАТА е една од најчестите причини за ненадејна смрт, а се почесто кај младите! Главната причина за тоа е што луѓето не обрнуваат внимание на предупредувачките сигнали кои телото им ги испраќа, мислејќи дека тоа не е ништо сериозно.

Повеќето луѓе се беспомошни кога имаат срцев удар. Личноста чие срце чука неправилно и престанува да работи има само 10 секунди пред да ја изгуби свеста.

Сепак, лесно можете да си помогнете со силно и континуирано кашлање. Длабоко вдишувајте секој пат пред да кашлате. Кашлицата мора да биде длабока и продолжена, како кога искашлувате флегма.

Мора да го повторувате дишењето и кашлањето на секои две секунди без да престанете додека не пристигне помошта или додека не почувствувате дека вашето срце повторно чука во редовен ритам.

Длабокото дишење внесува кислород во белите дробови, а движењата предизвикани од кашлањето вршат притисок врз срцето и ја одржуваат циркулацијата. Притисокот врз срцето помага да се врати нормалниот ритам. На овој начин инфарктните навреме можат да стигнат до болница и да го преживеат нападот, пренесува „Крстарица“.

Прочитај повеќе

Здравје

Три најдобри начини да ја спречите настинката пред да се случи

Avatar

Published

на

Не постои трик што може да ве оддалечи од настинката, но постојат чекори што можете да ги преземете за да го намалите ризикот.

„Настинките се вируси на горните дишни патишта кои се шират преку капките што се создаваат кога некој кашла или кива“, вели д-р Делана Вардлоу, лекар за семејна медицина во Temple Health во Филаделфија, пишува Huff Post.

– Луѓето можат да го добијат ако стапат во контакт со други болни или со допирање на загадени површини и ставање на рацете на лицето – рече Вардлоу.

Еве што можете да направите за да спречите појава на настинка:

Миј ги рацете

По пандемија, се подразбира дека миењето раце е важен начин да се заштитите од кој било вирус.

Вирусите се шират со контакт (од човек на човек или лице допирајќи … предмети кои можат да ја носат инфекцијата на нивните површини), како и капки кои се пренесуваат со кивање, кашлање или друг близок контакт. Ова го прави миењето на рацете важен чекор во спречување на инфекција. Правилното миење на рацете се состои од миење на рацете со сапун и вода 20 секунди.

Дезинфицирајте ги површините кои се чувствителни на допир

Областите како што се кваките на вратите, мобилните телефони и прекинувачите за светла може да се контаминираат со капки од вирусот на настинка доколку ги допре некој што е болен. Може да биде корисно и деконтаминацијата на површините со голем допир во заедничките области.

Спијте доволно и практикувајте други паметни навики

– Сакаме да ги поттикнеме луѓето да практикуваат здрави навики… да се погрижиме да имаме соодветен сон, да се погрижиме да имаме соодветна исхрана, да се погрижиме да ги третираме нашите хронични медицински состојби – објасни Вардлоу.

Кога сте генерално поздрави, ризикот од настинка е намален. Дополнително, основната грижа за себе, како што се спиењето, вежбањето и исхраната може да ви помогне да го одржите вашиот имунолошки систем на најдобар можен начин.

Прочитај повеќе