Connect with us

Гевгелија

Во сите основни училишта во Општина Гевгелија постојат услови за физичко присуство на настава

Avatar

Published

на

 Градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков, денеска одржа повторна средба со директорите на Основните училишта, Средноучилишниот центар и Основното музичко училиште, а во врска со подготовките околу стартот на новата учебна година.

На состанокот директорите на училиштата информираа за условите за организирање на наставата во новата учебна година согласно заклучоците на Владата и Протоколите за организирање на наставата со физичко присуство во основното и средното образование. Пред се, за просторните услови за организирање на наставата во услови на пандимијата од Ковид-19, примената на протоколите и потребниот наставен кадар.

           Како што информираат од општината, во сите пет основни училишта во општина Гевгелија постојат услови и училиштата се подготвени да ја организираат наставата со физичко присуство на учениците од прво до трето одделение, согласно заклучокот на Владата на РСМ. Во двете основни училишта во Гевгелија, ООУ„Владо Кантарџиев“ и ООУ „Крсте Мисирков“ за учениците од шесто до деветто одделение постојат услови за организирање комбинирана настава, односно една недела наставата да се одвива со физичко присуство, а една недела онлајн.

             Во ООУ „Ристо Шуклев“ во Негорци и во ООУ „Климент Охридски“ во Миравци, како и во ООМУ „Васо Карајанов“ во Гевгелија постојат услови за физичко одржување на наставата  за учениците од прво до деветто одделение. Во Средноучилишниот центар „Јосиф Јосифовски“ постојат услови за организирање на наставата со физичко присуство и онлајн, во зависност од големинатата на паралелката. Паралелките со помал број ученици, согласно Протоколите за организирање на наставата со физичко присуство, во овој центар можат да одржуваат настава со физичко присуство. Додека, пак, паралелките со поголем број ученици, кои се побројни, можат да ја организираат наставата комбинирано, една недела со физичко присуство, а една недела онлајн.

            „Ова се предлозите кои произлегоа од анализите направени во сите училишта, по извршените анкети на родителите и водените расправи на Советите на училиштата. Најголемиот број од анкетираните родители на учениците во гевгелиските училишта, како во основнотото, така и во средното образование, се изјаснија за организирање на наставата со физичко присуство на учениците. Направените согледувања укажуваат дека во Општина Гевгелија, покрај условите за организирање на наставата со физичко присуство на учениците од прво до трето одделение, постојат услови од 1 октомври, се разбира, согласно протоколите, да се организира настава со физичко присуство на учениците и во другите одделенија. Но и за организирање на комбинирана настава, со физичко присуство и со онлајн настава која ќе се менува секоја недела“, изјави по состанокот со директорите на училиштата градоначалникот Сашо Поцков нагласувајќи дека за овие предлози очекува да се произнесе Општинскиот штаб за заштита и спасување и Советот на Општина Гевгелија, по што предлозите за организирање на настава со физичко присуство и комбинирана настава ќе се достават до Владата, која по увидот на посебната работна група, формирана од надлежните министерства, ќе одлучува за барањата. 

Гевгелија

Во казино во Гевгелија починала жена од Република Грција

Avatar

Published

на

На 09.05.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во казино во Гевгелија била пронајдена почината Е.С.(69) од Република Грција. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција , информира СВР Струмица.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Билјана Ванковска од Гевгелија: Нема повеќе попуштање кога се во прашање националните интереси

Avatar

Published

на

Претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска, вчера беше во посета на Богданци и Гевгелија.

На средбата Ванковска беше придружувана и од носителот на ИЕ 4, советникот, Сашко Јанчев.

Билјана Ванковска од Гевгелија: Нема повеќе попуштање кога се во прашање националните интереси и дека сите штетни политики по националните интереси ќе бидат поништени.

Носителот на ИЕ 4, Јанчев, истакна дека април и мај се историски месеци во кои народот од Гевгелиско и Богданско правеле историски и судбоносни потези во корист на македонскиот народ и држава.

Затоа не се сомневаме дека и овој мај и април народот од Југот согласно своите традиции повторно ќе донесе историски исправна одлука во овие критични денови за Македонија и ќе ги казни оние кои триесет години ја раскрчмуваат Македонија.

Гевгеличани на плоштадот во Гевгелија ја изразија целосната поддршка и порачаа дека мудроста на Ванковска и младоста и силата на Левица се иднината и спасот на Македонија.

После средбата со граѓаните, Ванковска и Јанчев, положија цвеќе на споменикот на гевгелиските евреи кои биле депортирано од бугарскиот фашистички окупатор и на Спомен костурницата на гевгелиските борци од НОВ.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Исчезнало лице од Гевгелија, случајот пријавен во полиција

Avatar

Published

на

На 14.03.2024 во 09.30 часот во Полициската станица Гевгелија, С.З.С.(44) од Гевгелија пријавила дека од јули 2023 година од домот се оддалечил нејзиниот братучед Р.М.(46) од Гевгелија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Прочитај повеќе