Connect with us

Македонија

Претседателот Пендаровски ќе ги прими Премиерот Заев и членовите на новата Влада

Виолета | Media Press

Published

on

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во 13:00 часот ќе ги прими претседателот на Владата, Зоран Заев и членовите на новата Влада.

По дводневна собраниска дебата, пратениците синоќа пред полноќ ја изгласаа Владата предложена од мандатарот Зоран Заев. „За“ Владата на Заев гласаа 62 пратеници, а „против“ беа 51 пратеник,од вкупно присутни 115 пратеници.

Заев во својот говор пред гласањето, рече дека тој и министрите се обврзуваат чесно и одговорно да им служат на граѓаните.

„Ќе работиме и ќе дочекаме правен систем во кој граѓаните ќе веруваат, кој ќе дели правда еднаква за сите ќе работи на ефикасен, транспарентен и ефикасен начин. Ќе работиме и ќе имаме европско образование, кое ќе подготвува едуцирани млади луѓе кои лесно ќе наоѓаат работа и лесно ќе го организираат својот живот по завршување на своето образование. Ќе работиме за уште посилно и поквалитетно здравство кое ќе продолжи да води целосна грижа за здравјето на сите граѓани уште подобор од сега“, рече Заев.

Тој најави одлучна и бескомпромисна борба против сивата економија во државата, незаконското економско работење, избегнувањето на плаќање даноци, шверцот и корупцијата, брза и навремена поддршка на најсиромашните и на оние кои најмногу им треба помош и поддршка.

„Ветуваме храброст, мудрост, работливост и чесност, пред сѐ на домашен план, на полето на економијата и правдата, сѐ исклучиво во интерес на граѓаните“, додаде Заев.

Владата е составена од 19 министри. Љупчо Николовски е вицепремиер за борба против корупцијата, Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија, Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања, Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, Радмила Шекеринска – министерка за одбрана, Бојан Маричиќ – министер за правда, Благој Бочварски – министер за транспорт и врски, Венко Филипче – министер за здравство, Мила Царовска – министерка за образование и наука, Јахода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика и Ирена Стефоска – министерка за култура.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го води Аријанит Хоџа од Беса,  а Горан Милевски од ЛДП ќе биде министер за локална самоуправа и во новата Влада. Артан Груби од ДУИ ќе биде прв вицепремиер и министер за политички систем, Бујар Османи – министер за надворешни работи, Фатмир Бесими – министер за финансии, Крешник Бектеши останува министер за економија, Насер Нуредини министер за животна средина, а Јетон Шаќири министер за информатичко општество и администрација.

Македонија

Казни за 533 лица за неносење заштитна маска

Виолета | Media Press

Published

on

Полицијата вчера казнила 533 лица за неносење заштитна маска, што е законска обврска од 1 мај.

„Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 533 прекршоци“, соопшти МВР.

Инаку секојдневно има казни за непочитување на мерката и во Југоистокот. Само вчера 60 лица не ја почитувале мерката како што соопшти СВР Струмица.

Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Continue Reading

Македонија

Министрите Шахпаска и Филипче се сретнаа со дел од родителите кои ја користеа мерката за продолжено породилно отсуство

Виолета | Media Press

Published

on

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерот за здравство Венко Филипче синоќа во Владата остварија средба со дел од родителите, кои ја користеа мерката за продолжено породилно отсуство, а кои реагираа на Одлуката на Владата на 23 септември 2020 година сите родители од 0 до 6 години да се вратат на своите работни места, поради тоа што градинките стартуваа со работа на 9 септември. 


Двајцата министри им пренесоа дека Одлуката е донесена врз основа на сериозна анализа за безбедноста на децата во градинките,  во консултација со Комисијата за заразни болести, како и врз основа на информациите дека во јавните установи за згрижување и воспитување на децата целосно се почитува Протоколот за активности во установите кој на минимум го сведува ризикот од ширење на КОВИД-19. Оттука логично е после отворањето на градинките, родителите да се вратат на работниот процес, соопштуваат од владината Прес-служба.
Претставничките на дел од родителите информираа дека стравуваат за здравјето на нивните деца и затоа сакаат да го одложат тргнувањето на нивните деца во градинка до почетокот на идната година, но и дека им треба подолг период на адаптација.  


Министерот за здравство Филипче нагласи дека сите предвидени Протоколи, вклучително и тој за работа на градинките,  се дефинирани според  строги епидемиолошки правила и се целосно медицински издржани.
„Имаме целосно разбирање за вашата грижа. Затоа внимателно пристапуваме кон секоја одлука и од тие причини шест месеци го продолжувавме породилното отсуство. Но, како и во сите држави во светот, мора полека да се враќаме во нормала и затоа внимателно, преземајќи ги сите превентивни мерки, градинките ги отворивме и создадовме услови родителите да се вратат на работниот процес“, рече министерот Филипче. 


Од друга страна министерката Шахпаска информираше дека во градинките, според информациите од терен има доволно простор за приоритетните групи, односно за децата на самохраните мајки и за семејствата во кои двајцата родители работат.  


„Градинките имаат капацитет за безбедна и целосна грижа на сите деца.  Според Протоколот предвидовме приоритет за оние семејства на самохрани родители и двајца вработени, на кои тоа навистина им е неопходно. Градинките имаат  капацитет од  19.000 места, а како приоритетни пријавени се 14.555 деца. Тоа значи дека бројката од самиот почеток не беше целосно исполнета, а  имавме и случаи кога децата не престојуваа во градинка, а беа пријавени како приоритетни“, нагласи Шахпаска.


Таа дополнително информираше дека  по Одлуката на Комисијата за заразни болести да се зголеми капацитетот на групите од 0 до 2 години од шест на 12 деца, дополнително е зголемен капацитетот за прием на деца.
Во однос на забелешката на претставничките на мајките дека враќањето во работниот процес ќе биде проблем и за родителите на децата од 6 до 10 години, министерот Филипче нагласи дека мерката за нив е укината уште од 7 јули 2020 година и оттогаш тие се на работа. 
Министрите Шахпаска и Филипче им најавија на претставниците на дел од родителите дека нивните забелешки ќе бидат пренесени на Владата, стои во соопштението од Влада. 

Continue Reading

Македонија

Расте бројот на нови случаи заразени со корона вирус во Југоистокот

Виолета | Media Press

Published

on

Во последните 24 часа во Македонија седум лица починaа од коронавирус, а потврдени се 186 нови случаи од 1.674 тестови, соопшти Министерството за здравство. Оздравеле 85 пациенти.

Најголем број нови случаи се потврдени во Скопје-56, Гостивар – 18, Кочани-17, Куманово-16 и Тетово – 10. Повторно двоцифрен број во Струмица-12, во Штип-8, Прилеп-7,  Струга-6,, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-4, Гевгелија-5, Крива Паланка-3, Делчево-4, Кичево-3, Свети Николе-2, Радовиш-2, Велес-1 Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Валандово-1 и Ресен-1.

Починати се седум лица, еден пациент од Куманово (53г), двајца пациенти од Струга (68 и 70г), еден од Гостивар (61г) и тројца пациенти од Делчево (43,60 и 78г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 85 оздравени пациенти од: Скопје-19, Дебар-2, Штип-4, Прилеп-13, Тетово-2, Струга-4, Охрид-9, Гостивар-9, Гевгелија-5, Струмица-1, Крива Паланка-1, Радовиш-2, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-3, Берово-4, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.274, бројката на оздравени пациенти е 13.635, на починати е 675, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.964.

Continue Reading