Connect with us

Македонија

ЦО на СДСМ ги прифати предложените кандидати за министри на новата Влада, Заев ги објави имињата

Media Press

Објавено на

„Во новиот, полн мандат ќе покажеме дека може да работиме и повеќе и подобро во остварување на програмата која води напред, на вистинскиот, на европскиот пат, патот на економијата и правдата.

Пред нас се четири години во кои ќе гледаме како земјата ни се трансформира кон подобро“, рече лидеротот на СДСМ и иден премиер на новата Влада Зоран Заев.  Според Заев на вечерашната седница, ЦО на  СДСМ ги прифати предложените кандидати за министри на новата Влада, составена од одговорни и отчетни кадри:

– претседател на Владата – Зоран Заев;
– потпретседател на Владата за борба против криминал и корупција, за одржлив развој и човечки ресурси – Ljupcho Nikolovski;
– потпретседател на Владата за европски политики – Никола Димитров – Nikola Dimitrov;
– потпретседател на Владата за економски политики – Фатмир Битиќи;
– министер за внатрешни работи – Oliver Spasovski;
– министерка за одбрана – Radmila Sekerinska;
– министер за здравство – Венко Филипче;
– министерка за образование и наука – Мила Царовска;
– министер за транспорт и врски – Благој Бочварски;
– министерка за култура – Ирена Стефоска;
– министер за правда – Бојан Маричиќ;
– министерка за труд и социјална политика – Јагода Шахпаска.

Од редовите на Коалицијата „Можеме“ доаѓаат и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство определен од политичката партија БЕСА, како и министерот за локална самоуправа од ЛДП.

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе