На оние корисници на
пензиите кои досега ги користеа услугите на Еуростандард Банка АД и кои до 25
август нема да успеат да отворат трансакциски сметки во другите банки, августовските пензии ќе им бидат на
располагање во септември.
Владата го задолжува Фондот
за пензиско и инвалидско осигурување, и им препорача на деловните банки да
обезбедат други дополнителни редовни исплати за корисниците на пензии кои
се префрлени од Еуростандард Банка АД Скопје во другите деловни банки, со цел
истите да може да располагаат со августовските пензии на 07.09.2020, 14.09.2020
и 25.09.2020 година, за оние корисници на пензиите кои досега ги користеа
услугите на Еуростандард Банка АД и кои до 25 август нема да успеат да отворат
трансакциони сметки во другите банки.
Владата го задолжи Фондот за
пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните
банки, најдоцна до вторник, 25.08.2020 година, а им
препорача на деловните банки од среда, 26.08.2020 година да обезбедат
пензионерите со августовските пензии да може да располагаат преку мрежата на
банкомати и во трговската мрежа.
Во заклучоците во врска со исплатата на пензиите
за август 2020 година, им се препорачува на деловните банки преку филијалите и
експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите
кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен
според висината на пензијата:
- Во среда, на 26.08.2020 година
исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
- Во четврток, на 27.08.2020
година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
- Во понеделник, на 31.08.2020
година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
- Во вторник, на 01.09.2020
година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.