СДСМ и ДУИ постигнаа договор за нова Влада
Лидерот на СДСМ Зоран Заев и Ахмети, вчера соопштија дека
постигнале договор за нова Влада со полн мандат од четири години. Според
договореното, Владата ќе ја предводи Заев, а во последните 100 дена ќе биде
назначен премиер по предлог на ДУИ.
Во Владата нема да се
предлагаат министри без ресор, со исклучок на вицепремиерските места, а ќе се
укине и Пржинската влада. Според неофицијални информации, СДСМ ги добива клучните ресори кои за граѓаните значат
подобар живот: премиер, вицепремиер за економски прашања, вицепремиер за
европски прашања, правда, транспорт и врски, внатрешни работи, образование,
труд и социјална политика, здравство, култура, локална самоуправа, земјоделство
и одбрана. За министер за финансии од редовите на ДУИ се споменува Фатмир
Бесими, близок соработник на Зоран Заев.
Претседателот на
Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, за денеска свика седница на Централниот Совет на ДУИ на
која ќе се дискутира околу изборите и коалицискиот договор.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија
преку соопштение го потсети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на
ветувањето дека ќе поднесе оставка ако ги загуби изборите или ако не направи
влада.
„Ставот на претседателот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и во минатото и
денес е непроменет, односно дека техничката влада во ваков облик и форма е
нефункционална и дека истата не треба да постои“, изјави денеска
на прес-конференција Дафина Стојаноска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.