Македонија

Поднесување барања и издавање на изготвени пасоши преку дипломатско конзуларните претставништва во странство

Владата ја разгледа и ја усвои Информација за превземени соодветни активности за надминување на дадени ситуации, предизвикани од КОВИД-19 и непречена делумна реализација на Акциониот план за периодот 1 јануари – 31 декември 2020 година за поднесување барања и издавање на изготвени пасоши преку дипломатско конзуларните претставништва на РС Македонија во Берлин (вклучително и Конзуларното одделение во Бон), Минхен, Стокхолм, Копенхаген, Хаг, Брисел, Лондон, Париз, Берн, Рим, Венеција, Виена и Љубљана.

Согласно информацијата, Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги активира сите изготвени и неиздадени пасоши кои се наоѓаат во Министерството за надворечни работи, како и да ги изготви и активира патните исправи на сите поднесени барања за пасоши, реализирани од страна на мобилните екипи во дипломатско конзуларните претставништва во странство, до моментот на настапување на вонредната состојба предизвикана од КОВИД–19, и да ги достави до Министерството за надворешни работи.

Владата го задолжи Министерството за надворешни работи, доставените изготвени и активирани патни исправи, по дипломатски пат, да ги проследи во дипломатско-конзуларните претставништва на РС Македонија во странство, а службените лице во дипломатско конзуларните претставништва во Берлин (вклучително и Конзуларното одделение во Бон), Минхен, Стокхолм, Копенхаген, Хаг, Брисел, Лондон, Париз, Берн, Рим, Венеција, Виена и Љубљана, врз основа на приложен документ со слика за лична идентификација, да ги издадат изготвените и активирани пасоши на подносителите на барањето за патна исправа, информира владинита Прес – служба.  

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago