Connect with us

Македонија

Заев останува премиер, 100 дена пред нови избори -премиер Албанец. ВМРО -ДПМНЕ: Ваквата техничка влада е нефункционална

Виолета | Media Press

Published

on

СДСМ и ДУИ постигнаа договор за нова Влада

Лидерот на СДСМ Зоран Заев  и Ахмети, вчера соопштија дека постигнале договор за нова Влада со полн мандат од четири години. Според договореното, Владата ќе ја предводи Заев, а во последните 100 дена ќе биде назначен премиер по предлог на ДУИ.

Во Владата нема да се предлагаат министри без ресор, со исклучок на вицепремиерските места, а ќе се укине и Пржинската влада. Според неофицијални информации,   СДСМ ги добива клучните ресори кои за граѓаните значат подобар живот: премиер, вицепремиер за економски прашања, вицепремиер за европски прашања, правда, транспорт и врски, внатрешни работи, образование, труд и социјална политика, здравство, култура, локална самоуправа, земјоделство и одбрана. За министер за финансии од редовите на ДУИ се споменува Фатмир Бесими,  близок соработник на Зоран Заев.

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, за денеска свика седница на Централниот Совет на ДУИ на која ќе се дискутира околу изборите и коалицискиот договор.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение го потсети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на ветувањето дека ќе поднесе оставка ако ги загуби изборите или ако не направи влада.

„Ставот на претседателот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и во минатото и денес е непроменет, односно дека техничката влада во ваков облик и форма е нефункционална и дека истата не треба да постои“, изјави денеска на прес-конференција Дафина Стојаноска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија

Важна информација за членовите и корисниците на сервисните служби на РЦПЛИП – ПОРАКА!!!

Виолета | Media Press

Published

on

„Владата на Република Северна Македонија се уште нема донесено одлука за повторно отпочнување со работа на дневните центри за деца/лица со интелектуална попреченост. Во изминатиот период, РЦПЛИП – ПОРАКА ги спроведе сите пропишани мерки за безбедно започнување со работа на своите сервисни служби, согласно усвоениот протокол. Сервисните служби на РЦПЛИП – ПОРАКА се подготвени да почнат со реализација на програмски активности со физичко присуство на корисници веднаш штом Владата ќе донесе таква одлука.

За сите нови информации, родителите на корисниците на сервисните служби на РЦПЛИП – ПОРАКА ќе бидат директно контактирани“, стои во известувањето од Порака.

Continue Reading

Македонија

Владата донесе уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности

Виолета | Media Press

Published

on

На предлог на Министерството за образование и наука, на вчерашната седница е донесена Уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните и средните училишта, со одлуки за времетраењето на часовите и на одморите, за почетокот на учебната година, како и Одлука за утврдување на максималниот број на ученици во паралелка во основните училишта и средните во услови на вонредни околности, за оние училишта кои добиле согласност за организирање настава со физичко присуство.

Уредбата за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните и средните училишта ги опфаќа и сите други активности како што се проверката на постигањата на успехот на учениците, организирањето на практичната настава, и другите наставно-образовни активности.

На оваа седница е усвоена и Информацијата, и беа усвоени протоколите за постапување на посебните основни училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/21 година за посебните училишта ПОУ „Иднина“-Скопје, ПОУ „Маца Овчарова“- Велес, ПОУ „Д-р Златан Сремец“- Скопје, ЗРДОСГГДПР „Кочо Рацин“- Битола, ПОУ „Св.Климент Охридски“- Ново Село, Струмица, ДУРДМОВ „Димитар Влахов“- Скопје, и ЈУ Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“- Струмица.

Владата денеска ја разгледа и усвои и Информацијата за реализација на наставата во средните училишта за ученици со посебни образовни потреби во учебната 2020/2021 година, и ги усвои поединечните протоколи за постапување во средно образование за ученици со посебни образовни потреби.

На седницата беа усвоени и протоколите за работа во услови на справување со вирусот КОВИД-19 во јавните ученички домови и во државните студентски домови и други објекти за сместување, во академската 2020/21 година.

Continue Reading

Македонија

Сопругата на Претседателот со поддршка за подигнување на свеста за ракот на дојката

Виолета | Media Press

Published

on

Сопругата на Претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска присуствуваше и се обрати на настанот за подигнување на свеста за ракот на дојката “Race for the cure“ во Градскиот парк, информираат од кабинетот на претседателот Пендаровски.

„Имаме двојна обврска во врска со едукацијата, превенцијата и лекувањето не само на ракот на дојката, туку и на вирусот кој се заканува да ја загрози жената која е веќе засегната од друга болест “, истакна Ѓоргиевска, додавајќи дека е потребно да се обезбедат средства за сите центри за грижа за заболените жени, кои освен нега, нудат и она што е многу важно, а тоа е психолошката поддршка.

„Во текот на месецот октомври многу светски знаменитости ќе светат во розова боја, а со тоа да привлечат внимание за важноста од раната дијагностика од ракот на дојката и затоа денес ќе потсетам на главното правило во животот, подобро да се спречи отколку да се лечи. Ве молам практикувајте самопрегледување на градите, редовни посети кај лекарите и годишни мамографии.

Розовата панделка е симбол на борбата против оваа  болест и симбол на поддржување на сите што се засегнати. Розовата панделка ја носат излечените, но и сите оние кои сакаат да ја подигнат свеста за оваа болест којашто е всушност, една од најсмртоносните болести кај жените. Исто така, сакам да го свртам внимание на потребата од собирање на средства за донирање во сите центри за грижа за заболените жени, кои освен нега, нудат и она што е многу важно, а тоа е психолошката поддршка.

Ќе нагласам уште нешто: ни  оваа, како и сите други болести не треба да ги гледаме како  нешто што му се случува на некој друг. Особено ние, медицинските лица, секојдневно и секаде каде што е можно, треба да го нагласуваме тоа. Има уште многу да се стори, а само заедно можеме да направиме промени во колективната свест и поддршка во едукацијата и охрабрување на жените на секаков можен начин.

И, да не заборавиме: никогаш не е премногу доцна  за промени  кон здрав живот. Не е важно колку години имаме, промените во животот кон добро здравје не знаат за возраст. Да бидеме најдобри пријатели со своето тело и да ги слушаме неговите  предупредувања“ рече Ѓоргиевска.

На настанот се обратија и министерот за здравство, Венко Филипче и американската aмбасадорка во земјава, Кејт Брнс.

Организатор на настанот е Здружението „Борка“, коешто се приклучи на кампањата која се одвива речиси во многу европски држави и градови, а кај нас кампањата и финалните настани освен во Скопје ќе се одржат во 13 градови, стои во соопштението.

Continue Reading