Connect with us

Здравје

Филипче: Есента ситуацијата со корона вирусот може да се комплицира

Avatar

Published

на

Министерот за здравство Венко Филипче на вчерашната прес конференција во однос на состојбата со  коронавирусот, и  болничките капацитети  рече  дека иако во овој момент ситуацијата е стабилна, интензивно се подготвуват за есенските месеци кога се оечкува епидемијата да се засили.

„Веќе неколку недели.  во континуитет во нашата земја има намалување на бројот на новозаболени и починати лица и зголемување на бројот на оздравени пациенти. Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 10 до 16 август се направени вкупно 11.605 тестирања, 2.062 односно 17,8 % повеќе споредено со претходната недела. Од направените 11.605 тестирања, регистрирани се 902 односно 7,8% нови позитивни случаи од 29 градови. Најголемиот дел од регистрираните случаи се од Скопје и Куманово, во другите градови се појавуваат спорадични случаи, мини кластери кои главно се должат на непочитување на превентивните мерки. Во текот на минатата недела, регистрирани се 17 смртни случаи што претставува намалување од 32 % во однос на претходната недела во истиот период. Оздравени се 1.067 лица односно 29 повеќе споредено со претходната недела. Тоа што е исто така евидентно е и намалување на процентот на вкупниот број на позитивни од вкупниот број на направени “, потенцираше министерот Филипче.

Во однос на болничките капацитети, значително е намален бројот на хоспитализации на Инфективната клиника во Скопје, болницата „8-ми Септември“, но и во останатите инфективни одделенија ширум државата. Од почетокот на август досега бројот на хоспитализации е под 400 пациенти или во просек 376 пациенти позитивни и суспектни на вирусот во сите болници во кои што ги третираат овие пациенти.

„И покрај тоа што во овој момент ситуацијата е стабилна, интензивно се подготвуваме за есенските месеци кога претпоставуваме, а претпоставуваат и многу други земји во регионот и во Европа, на северната хемисфера дека ситуацијата може да се комплицира заради тоа што е вообичаена сезона на респираторни заболувања. Дополнително, период кога и тие пациенти ги окупираат истите одделенија како и пациентите со КОВИД што се лекуваат. Во контекст на ова, уште на почетокот на летото започнавме со зајакнување и надградба на капацитетите за третман на пациенти заболени од КОВИД, како дополнување на монтажната болница до Инфективната клиника која има 70-тина кревети и во овој момент е целосно празна, но во исто време и целосно подготвена и со централен довод на кислород да прими пациенти. Уште еден монтажен објект се постави до Клиниката за пулмологија и алергологија, како мини тријажен центар и по овој модел поставуваме уште 16 регионални мини инфективни одделенија во Гевгелија, Куманово, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Кичево, Дебар, Гостивар, Струга, Кочани, Охрид, Велес, Тетово, Штип, Битола и Ресен. Во овој момент проектната единица на Светската банка која е во рамките на Министерството за труд и социјална политика со нашите експерти работат на подготвителните постапки за почеток на овој процес. Овие ќе ги наречеме КОВИД центри, ќе се поставуваат во непосредна близина до болниците, за да бидат физички лесно достапни за кадарот, но и пациентите да бидат целосно одделени и болниците да останат целосно чисти за да можат и другите пациенти да добијат здравствена услуга без одлагање. При зголемувањето на капацитетите ги имаме во предвид и тековните медицински програми. Јас неколку пати кажав дека мора да се подготвуваме за полоши сценарија, но верувам дека ако доследно се придржуваме до сите превентивни мерки, носењето маска, дистанцата, хигиената, овие лоши сценарија можат да се превенираат да не се случат“, изјави министерот Филипче.

Здравје

Како да ја ублажите кашлицата? РЕЦЕПТ

Avatar

Published

на

Кромидот е многу хранлива и здрава храна, а она што го прави толку лековито е содржината на витамините А, Б1, Б2, Ц и фитонциди, кои прават моќна комбинација кога е во прашање одбраната на вашето тело.

Витаминот А помага во одржувањето на правилното функционирање на имунолошкиот систем и заедно со витаминот Б2, обезбедува правилно функционирање на мукозната мембрана и респираторниот тракт. Витаминот Ц го зајакнува имунолошкиот одговор на телото, го скратува времетраењето на настинките и го промовира растот и ефикасноста на имуните клетки, а исто така промовира зголемување на количината на интерферон, кој има антивирусно дејство. Фитоцидите се карактеризираат со силни антибактериски својства, го спречуваат развојот и ширењето на вирусите во телото и успешно се борат дури и со туберкулозата.

Сирупот од кромид е многу лесен за подготовка, евтин е, здрав и може да се даде и на возрасни и на деца. Се препорачува при кашлица, намалување на слузта (количество на акумулирана слуз во органите за дишење), намалување на телесната температура и други воспалителни процеси, особено на горниот и долниот респираторен тракт. Кромидот ја забрзува циркулацијата, што го поттикнува потењето и исфрлањето на токсините и вирусите од телото.

Рецепт за сируп од кромид:

1 поголем кромид
2-3 лажици шеќер или кромид исечкајте ги на помали коцки и додадете шеќер или мед.

Оставете покриено неколку часа. По 3-4 часа, процедете 4-5 ml сируп. Најдобро е секој ден да правите нов сируп, бидејќи хранливата вредност исчезнува по стоењето.

Во сирупот од кромид можете да додадете и едно чешне мелено лук, што дополнително ќе помогне во борбата против вирусите и бактериите.

Конзумирајте го сирупот три пати на ден по лажичка (5 ml).

Прочитај повеќе

Здравје

Како сами да си помогнете во случај на срцев удар!

Avatar

Published

на

ИНФАРКЦИЈАТА е една од најчестите причини за ненадејна смрт, а се почесто кај младите! Главната причина за тоа е што луѓето не обрнуваат внимание на предупредувачките сигнали кои телото им ги испраќа, мислејќи дека тоа не е ништо сериозно.

Повеќето луѓе се беспомошни кога имаат срцев удар. Личноста чие срце чука неправилно и престанува да работи има само 10 секунди пред да ја изгуби свеста.

Сепак, лесно можете да си помогнете со силно и континуирано кашлање. Длабоко вдишувајте секој пат пред да кашлате. Кашлицата мора да биде длабока и продолжена, како кога искашлувате флегма.

Мора да го повторувате дишењето и кашлањето на секои две секунди без да престанете додека не пристигне помошта или додека не почувствувате дека вашето срце повторно чука во редовен ритам.

Длабокото дишење внесува кислород во белите дробови, а движењата предизвикани од кашлањето вршат притисок врз срцето и ја одржуваат циркулацијата. Притисокот врз срцето помага да се врати нормалниот ритам. На овој начин инфарктните навреме можат да стигнат до болница и да го преживеат нападот, пренесува „Крстарица“.

Прочитај повеќе

Здравје

Три најдобри начини да ја спречите настинката пред да се случи

Avatar

Published

на

Не постои трик што може да ве оддалечи од настинката, но постојат чекори што можете да ги преземете за да го намалите ризикот.

„Настинките се вируси на горните дишни патишта кои се шират преку капките што се создаваат кога некој кашла или кива“, вели д-р Делана Вардлоу, лекар за семејна медицина во Temple Health во Филаделфија, пишува Huff Post.

– Луѓето можат да го добијат ако стапат во контакт со други болни или со допирање на загадени површини и ставање на рацете на лицето – рече Вардлоу.

Еве што можете да направите за да спречите појава на настинка:

Миј ги рацете

По пандемија, се подразбира дека миењето раце е важен начин да се заштитите од кој било вирус.

Вирусите се шират со контакт (од човек на човек или лице допирајќи … предмети кои можат да ја носат инфекцијата на нивните површини), како и капки кои се пренесуваат со кивање, кашлање или друг близок контакт. Ова го прави миењето на рацете важен чекор во спречување на инфекција. Правилното миење на рацете се состои од миење на рацете со сапун и вода 20 секунди.

Дезинфицирајте ги површините кои се чувствителни на допир

Областите како што се кваките на вратите, мобилните телефони и прекинувачите за светла може да се контаминираат со капки од вирусот на настинка доколку ги допре некој што е болен. Може да биде корисно и деконтаминацијата на површините со голем допир во заедничките области.

Спијте доволно и практикувајте други паметни навики

– Сакаме да ги поттикнеме луѓето да практикуваат здрави навики… да се погрижиме да имаме соодветен сон, да се погрижиме да имаме соодветна исхрана, да се погрижиме да ги третираме нашите хронични медицински состојби – објасни Вардлоу.

Кога сте генерално поздрави, ризикот од настинка е намален. Дополнително, основната грижа за себе, како што се спиењето, вежбањето и исхраната може да ви помогне да го одржите вашиот имунолошки систем на најдобар можен начин.

Прочитај повеќе