Connect with us

Македонија

Шекеринска: Гордост и задоволство е што денес стојам пред Армија на земја членка на НАТО

Media Press

Објавено на

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во своето обраќање изрази гордост и задоволство што денес стои пред Армија на земја членка на НАТО, Армија која го прави горд својот народ и ја ужива неговата најголема доверба.

„Долг пат поминавме заедно од минатата година до сега. Што би се рекло цел живот за една година. Го поместивме ѕидот што ни стоеше на влезот во НАТО. Триесет години надеж и исчекување ги претворивме во резултат. Станавме 30-та членка на Алијансата. На најмоќниот воено-политички сојуз на денешницата. Се опкруживме со сојузници како САД, Велика Британија, Германија, Турција, Франција, Норвешка. Но, најважното од се е што со кревањето на нашето државно знаме на јарболот на НАТО, ги кренавме гордо главите на сите наши граѓани. За првпат во историјата на нашата татковина остваривме успех кој ја помести нашата држава напред и ги отвори перспективите“, потенцираше министерката Шекеринска.

Началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски истакна дека денеска го одбележуваме 28-от роденден на Армијата, но и прва година како полноправна членка на НАТО, за што сме особено горди.

„Секоја генерација даде свој придонес и остави белег во развојот на Армијата. Да бидеме горди на достигнувањата, затоа што сите заедно успеавме, и покрај сите предизвици во минатото, да станеме дел од најмоќната воена алијанса во историјата на човештвото. Тоа е огромен успех на сите поранешни и сегашни припадници на Армијата. Сите ние, кои бевме вклучени во градењето и развојот на Армијата од самото осамостојување до денес, имаме  одговорност и патриотска должност, со нашето лидерство, знаење и искуство да ги воспоставиме процесите за целосна интеграција на нашата Армија како полноправна членка во НАТО.  Членството во НАТО е привилегија и бенефит на демократските општества, но кредибилна и почитувана членка ќе бидеме само со почитување на демократските вредности, лојалност кон сојузништвото, солидарност и спроведување на националните обврски“, потенцираше Ѓурчиновски.

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе