Connect with us

Регион

Се запали стара куќа во с. Старо Коњарево

Avatar

Published

на

Доцна синоќа струмичките пожарникари интервенирале на гаснење на запалена куќа во с. Старо Коњарево. Пожарот бил во разгорена фаза, но е спречено ширење кон соседните објекти. ТППЕ Струмица интервенирале со три противпожарни возила и осум пожарникари.

„Денес, (понеделник) 17.08.2020 година од 00.05 – 03.00 часот во с.Старо Коњарево, ТППЕ Струмица со 3 ПП возила и 8 пожарникари интервенираше на гаснење на запалена ненаселена стара куќа. Пожарот беше во разгорена фаза и благодарение на брзата интервенција спречено е ширење на истиот кон соседните објекти.“ – стои во објавата на ТППЕ Струмица

Денес, (понеделник) 17.08.2020 година од 00.05 – 03.00 часот во с.Старо Коњарево, ТППЕ Струмица со 3 ПП возила и 8…

Gepostet von Пожарникари – Струмица am Montag, 17. August 2020

Регион

При спроведена контрола на СВР Струмица биле констатирани 85 пречекорувања на брзината

Avatar

Published

на

На 18.02.2024 во периодот од 14.00 до 19.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 85 пречекорувања на брзината, од кои 32 на подрачје на Струмица, 27 на подрачје на Радовиш, 17 на подрачје на Валандово и 9 на подрачје на Валандово. Од нив, 65 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 20 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе

Регион

Извршена контрола на повеќе угостителски објекти на подрачје на Струмица, во еден угостителски објект имало присуство на малолетници после 24.00 часот

Avatar

Published

на

На 20/21.01.2024, во времето од 23.00 до 04.00 часот, од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со инспектори од Државен пазарен инспекторат Скопје била извршена контрола на повеќе угостителски објекти на подрачје на Струмица. Притоа, во еден угостителски објект било констатирано присуство малолетници после 24.00 часот, а во шест угостителски објекти биле констатирани прекршоци по Законот за инспекциски надвор. За констатираните прекршоци ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Прочитај повеќе

Регион

Во спроведена контрола на подрачјето на СВР Струмица биле констатирани 68 пречекорувања на брзината

Avatar

Published

на

На 21.01.2024 во периодот од 14.00 до 16.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 68 пречекорувања на брзината, од кои 34 на подрачје на Радовиш, 16 на подрачје на Валандово, 13 на подрачје на Струмица и 5 на подрачје на Гевгелија. Од нив, 43 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 25 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе