Connect with us

Регион

Засилени контроли на СВР Струмица во угостителските објекти

Avatar

Published

на

Засилени контроли во угостителските објекти во кои сѐ позабележително е присуството на младите, зголемената бучава (гласна музика), посебно во вечерните часови и непочитувањето на мерките и препораките на Владата, во делот на носење заштитна маска и држење на потребно растојание, најавува  Секторот за внатрешни работи Струмица.   Имајќи ја предвид се поголемата  раздвиженостСВР Струмица  реализира интензивни мерки и активности во угостителските објекти на подрачјето во регионот.

 Активностите на полицијата се насочени  на: присуство на малолетници во угостителски објекти по 24.00 часот, непостапување според здравствените прописи за време на епидемија и гласната музика која неретко ги вознемирува граѓаните, особено оние што живеат во близина на угостителските објекти и на почитување на работното време, каде се превземаат координирани  мерки и активности со Државниот пазарен испекторат.

            За сите сопственици на угостителските објекти кај кои ќе бидат констатирани кривични дела и прекршоци кои се повторуват, СВР Струмица согласно своите надлежности,  ќе изготви соодветни поднесоци, а за правните лица  ќе предложи  изрекување на соодветни санкции.

Така, во текот на изминатиов викенд во четири угостителски објекти на подрачјето на  општина Струмица се констатирани кривични дела поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, а во еден угостителски објект констатиран е прекршок поради присуство на малолетници во угостителски објекти по 24.00 часот .

             Пд СВР Струмица апелирааат до сопствениците на угостителските објекти и граѓаните да ги почитуваат препораките од Владата, законските прописи и усвоените мерки.„Доколку се констатира состојба спротивна на законите, истата  соодветно ќе се санкционира“, стои во апелот.

  Ваквите интензивни мерки и активности на полициските службеници самостојно и во координација со надлежните инспекциски служби ќе продолжат  да се реализират и  во претстојниот период, стои во известувањето од СВР Струмица.

Регион

При спроведена контрола на СВР Струмица биле констатирани 85 пречекорувања на брзината

Avatar

Published

на

На 18.02.2024 во периодот од 14.00 до 19.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 85 пречекорувања на брзината, од кои 32 на подрачје на Струмица, 27 на подрачје на Радовиш, 17 на подрачје на Валандово и 9 на подрачје на Валандово. Од нив, 65 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 20 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе

Регион

Извршена контрола на повеќе угостителски објекти на подрачје на Струмица, во еден угостителски објект имало присуство на малолетници после 24.00 часот

Avatar

Published

на

На 20/21.01.2024, во времето од 23.00 до 04.00 часот, од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со инспектори од Државен пазарен инспекторат Скопје била извршена контрола на повеќе угостителски објекти на подрачје на Струмица. Притоа, во еден угостителски објект било констатирано присуство малолетници после 24.00 часот, а во шест угостителски објекти биле констатирани прекршоци по Законот за инспекциски надвор. За констатираните прекршоци ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Прочитај повеќе

Регион

Во спроведена контрола на подрачјето на СВР Струмица биле констатирани 68 пречекорувања на брзината

Avatar

Published

на

На 21.01.2024 во периодот од 14.00 до 16.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 68 пречекорувања на брзината, од кои 34 на подрачје на Радовиш, 16 на подрачје на Валандово, 13 на подрачје на Струмица и 5 на подрачје на Гевгелија. Од нив, 43 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 25 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе