Connect with us

Регион

Засилени контроли на СВР Струмица во угостителските објекти

Виолета | Media Press

Published

on

Засилени контроли во угостителските објекти во кои сѐ позабележително е присуството на младите, зголемената бучава (гласна музика), посебно во вечерните часови и непочитувањето на мерките и препораките на Владата, во делот на носење заштитна маска и држење на потребно растојание, најавува  Секторот за внатрешни работи Струмица.   Имајќи ја предвид се поголемата  раздвиженостСВР Струмица  реализира интензивни мерки и активности во угостителските објекти на подрачјето во регионот.

 Активностите на полицијата се насочени  на: присуство на малолетници во угостителски објекти по 24.00 часот, непостапување според здравствените прописи за време на епидемија и гласната музика која неретко ги вознемирува граѓаните, особено оние што живеат во близина на угостителските објекти и на почитување на работното време, каде се превземаат координирани  мерки и активности со Државниот пазарен испекторат.

            За сите сопственици на угостителските објекти кај кои ќе бидат констатирани кривични дела и прекршоци кои се повторуват, СВР Струмица согласно своите надлежности,  ќе изготви соодветни поднесоци, а за правните лица  ќе предложи  изрекување на соодветни санкции.

Така, во текот на изминатиов викенд во четири угостителски објекти на подрачјето на  општина Струмица се констатирани кривични дела поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, а во еден угостителски објект констатиран е прекршок поради присуство на малолетници во угостителски објекти по 24.00 часот .

             Пд СВР Струмица апелирааат до сопствениците на угостителските објекти и граѓаните да ги почитуваат препораките од Владата, законските прописи и усвоените мерки.„Доколку се констатира состојба спротивна на законите, истата  соодветно ќе се санкционира“, стои во апелот.

  Ваквите интензивни мерки и активности на полициските службеници самостојно и во координација со надлежните инспекциски служби ќе продолжат  да се реализират и  во претстојниот период, стои во известувањето од СВР Струмица.

Регион

Во 10-те општини од Југоисточниот регион ќе се изврши четврто прскање против комарци

Виолета | Media Press

Published

on

“Се известуваат сите граѓани на 10-те општини во Југоисточниот плански регион, доколку има поволни временски услови ќе се изврши четврто прскање против возрасни комарци, со следниот распоред:

1. На 30 септември  (среда), во период од 16 до 18 часот во општините Конче, Радовиш, Василево и Струмица и

2. На 01октомври (четврток), во период од 16 до 18 часот во општините Ново Село, Босилово, Валандово и Богданци“ стои во изветсувањето од општините.

Од таму ги предупредуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Continue Reading

Регион

86 лица од југоистокот заработиле казна поради неносење на заштитна маска

Виолета | Media Press

Published

on

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (27/28.09.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 84 лица не ја почитувале, од кои 36 вo Струмица, 19 во Радовиш, 15 во Гевгелија и 14 во Валандово и ќе следуваат соодветни мерки. На ниво на држава кривична пријава заработиле над 600 лица.

Continue Reading

Радовиш

17 радовишани во изминатото деноноќие заработиле казна поради не носење заштитна маска, Владата размислува за зголемување на казните

Виолета | Media Press

Published

on

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (23/24.09.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 50 лица не ја почитувале меркат, од кои 18 вo Гевгелија, 17 во Радовиш, 8 во Валандово и 7 во Струмица и ќе следуваат соодветни мерки.

Владата размислува дали да го зголеми износот на казните за неносење маски за заштита од  КОВИД-19, обемот на работа на полицијата во таа насока е зголемен и ќе има се повеќе контроли и во угостителските објекти и на собирите на граѓаните, информира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Continue Reading