Connect with us

Гевгелија

Во Гевгелија ќе биде поставена монтажна модуларна болница за лекување на пациенти позитивни на Ковид -19

Media Press

Објавено на

Гевгелија е еден од 16 градови во земјата каде ќе биде поставена монтажна модулна болница, во рамките на иницијативата на Миниистерството за здравство на РСМ за отворање на 16 Регионални Ковид-центри. По видео-состанокот со градоначалниците на општините, каде што ќе бидат лоцирани овие монтажни болници, Министерството за здравство заедно со Комисијата за заразни болести имаа состанок и со директорите на болниците.

Овие активности се одвиваат во рамки на подготовките на здравствениот систем за есенскиот бран на Корона вирусот, а целта е да се обезбеди соодветен третман и тријажа на пациенти позитивни или сомнителни на КОВИД- 19, без при тоа да се компромитира редовното работење на болниците и здравјето на другите пациенти.


Станува број за дополнителни времени капацитети, односно монтажни модуларни болници или креирање на посебни патеки и услови во некои објекти.

 Локацијата ја предложија од Општата болница и со неа се исполнуваат двата основни критериуми: монтажен објект со тријажен центар и стационар близу до Општата болница и да има непосреден пристап до потребната инфратруктура, изјави градоначалникот Сашо Поцков, додавајќи дека Оштината и Јавното комунално претпријатие се подготвени да ги обезбедат потребните инфраструктурни поврзувања на монтажниот објект. Од страна на Општинскиот штаб за заштита и спасување беше поддржана целата иницијатива и предложената локација, вели градоначалникот.

            Според директорот на Општата болница во Гевгелија- Митко Крџев, поставувањето на ваков модул во Гевгелија е од посебно значење имајќи ги предвид најавите околу натамошното продолжување на пандемијата од Корона вирусот.

            Инаку, освен монтажниот модул, на површина од 450 квадратни метри, ќе биде обезбедена и соодветна медицинска опрема и кадар за работа во нив. Во лекувањето на КОВИД-19, покрај инфектолози и интернисти, ќе бидат вклучени и лекари од други специјалности, како и млади кадри што се на специјализација, односно оние со положен Државен испит.

Гевгелија

Лишен од слобода за непоседување возачка дозвола

Media Press

Published

на

Од билтенот на МВР: Во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.Д(43) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед со гевгелиски  регистарски ознаки, кое го управувал Д.Д. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

Прочитај повеќе

Гевгелија

МВР: Банкарски службеник од Гевгелија во 13 наврати присвоил пари од сметки на двајца корисници

Media Press

Published

на

Вработен во банка во Гевгелија неовластено пристапувал до сметки на двајца корисници и присвоил околу пет милиони денари и над 63.000 евра, поднесена му е кривична пријава

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката.

Прочитај повеќе

Гевгелија

На железничка пруга во Гевгелија било пронајдено повредено лице мигрант

Media Press

Published

на

На 13.08.2026 во 13:35 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на железничка пруга во Гевгелија било забележано повредено лице мигрант. Лицето е пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му била укажана помош и било констатирано дека има повреда на стапалото најверојатно од прегазување на воз. 

Извршен бил разговор со лица вработени во железница, при што известиле дека во 13:25 часот тргнал товарен воз од Железничка пруга Гевгелија кон Скопје и пред тргнување биле извршени проверки и од возот биле симнати околу 10 лица мигранти кои сакале нелегално да се превезуваат. По наредба на јавен обвинител извршен е увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе