Економија

Зголемување од 4.4% на македонската просечна плата во месец Мај

Македонска просечната плата во месец Мај изнесувала 26.390 денари и е во пораст од 4.4% во однос на истиот месец минатата година објави Државниот завод за Статистика. Исто така во првите 5 месеци од оваа годинагодина, за 8.2% е поголема платата во споредба на истиот период лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, изнесува 105.0.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (22.8 %), Образование (13.5 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (9.1 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (14.3 %), Градежништво (5.2 %) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (4.4 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во мај 2020 година, изнесува 39 398 денари.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago