Радовиш

Штитеници од дом за стари лица во Радовиш позитивни на Ковид-19

Седум штитеници од Домот за стари лица во Радовиш и тројца вработени се позитивни на ковид-19, информираат од Центарот за јавно здравје од Штип.

Од таму дополнуваат дека штитениците се хоспитализирани и е доставено предлог до Комисијата за заразни болести,Домот во Радовиш да биде ставен под карантин.

Во последните 24 часа се направени 724 тестирања, а регистрирани се 96 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-24, Куманово-6, Штип-24, Прилеп-1, Тетово-7, Струга-9, Битола-1, Охрид-6, Гостивар-4, Струмица-3, Крива Паланка-1, Радовиш-5, Кочани-2, Свети Николе-3.

Во моментот во Радовиш има вкупно 19 активни случаи.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент од: Скопје-27, Куманово-16, Прилеп-4, Тетово-4, Кавадарци-1, Гевгелија-1, Крива Паланка-3, Кратово-1, Кичево-1, Ресен-3.

Починати се 10 лица, четири пациенти од Скопје, два од Куманово и по еден пациент од Штип, Тетово, Гостивар и Кичево.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago