Земјоделие

Рокот за поднесување на барања за субвенции за програмата за директни плаќања 2020 година трае уште 10 дена

Рокот за поднесување на барања за субвенции за Програмата за земјоделство 2020 година трае уште десет дена заклучно со 31- ви јули 2020 година.

Барањата за добивање на финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите со регистрирање во системот  на веб страна на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk.

Оние земјоделци кои не знаат сами да поднесат барања или имаат потреба од помош при создавање на електронски барања, можат да се обратат во  Подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

Земјоделците пред да ги потпишат поднесените барања, да направат проверка, дали сите мерки и култури им се впишани. Доколку апликантите увидат дека направиле пропуст или пак внеле погрешни податоци или увидат потреба од измена заради не соодвествување со фактичката состојба, барањето може да го повлечат или да ги изменат во рок од 30 дена од денот на поднесувањето.

Од МЗШВ апелираат барателите да користат заштитни маски и средства за дизинфекција, се со цел превенција и заштита од вирусот „COVID 19“.

Media Press

Share
Published by
Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago