Избори 2020

Претседателот Пендаровски по гласањето на предвремените парламентарни избори: Секој граѓанин да биде максимално заштитен

Претседателот Стево Пендаровски, вчера на предвремените избори за пратеници  го оствари своето гласачко право. По гласањето  претседателот Пендаровски изјави:

„Според достапните информации од првата половина од изборниот ден, гледам дека сè се одвива во рамките на законските прописи и во една демократска и мирна, толерантна атмосфера.

Она што е значајно и е специфика за овие избори, а според мене, би требало да остане до крајот на изборниот ден така, досега изборите се одвиваат со максимално почитување на здравствените протоколи бидејќи исклучително е битно секој што сака да го реализира своето гласачко право денеска, секој граѓанин, да биде максимално заштитен. Се разбира, зборувам и за луѓето, околу 30-35 илјади кои се ангажирани како членови на гласачките одбори.

Денеска мора да биде транспарентно, фер, демократско гласање и притоа сите што се учесници во изборниот процес мора да бидат заштитени бидејќи знаете ние сме една од првите 5-6 држави во светот која организира избори во време на корона.

Јас се надевам така ќе остане како што е досега и во текот на изборниот ден се до прогласувањето на резултатите и сосема небитно од тоа кој ќе биде формален победник вечерва, очекувам како што и доликува на една европска демократска држава, сите учесници на изборниот процес вечер да си подадат рака и да си честитаат еден на друг. Благодарам.“

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago