Радовиш

Општина Радовиш утре нема да работи, од понеделник дополнитeлно ќе се донесува одлука

Поради новонастанатата ситуација со заболени од Ковид 19 во Радовиш, од општината денеска излегоа со известување дека утре општинската администрација нема да работи. Во известувањето се вели:

„ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ,
ПОРАДИ НОВОНАСТАНАТАТА СОСТОЈБА СО КОВИД-19, ОПШТИНА РАДОВИШ НЕМА ДА РАБОТИ ВО ПЕТОК (17.07.2020).

ВО ПОНЕДЕЛНИК (20.07.2020) ЌЕ ВЕ ИЗВЕСТИМЕ ДОПОЛНИТЕЛНО ЗА ПОНАТАМОШНАТА РАБОТА НА ОПШТИНАТА“.

Во разговор со градоначалникот Герасим Конзулов, рече дека поради зголемениот број на позитивни случаи во градот, односно со појавата на 11 нови случаи на Ковид -19, од кои еден случај е вработен во општинската зграда во Радовиш, се преземаат превентивни мерки за да не дојде до проширување и појава на нови случаи.

„Ќе се изврши целосна дезинфекција на просториите во општината а во понеделник ќе се донесе дополнителна одлука за понатамошната работа на општината“, вели Конзулов.

Инаку во Радовиш во моменотот има регистириано 11 нови случаи од кои едно лице е со адреса на живеење во Штип, но има поголем број на лица со решение во изолација , поради контакт со веќе регистрираните нови случаи позитивни на Ковид -19.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago