Connect with us

Избори 2020

Неофицијално, коалицијата предводена од СДСМ освои 46, а коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ 44 пратенички места

Виолета | Media Press

Published

on

Неофицијално, коалицијата  предводена од СДСМ освои 46 пратенички места, а коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ 44. Талат Џафери треба да свика конститутивна седница на Собранието најдоцна за 20 дена.

Во четвртата изборна едница каде што е и Радовиш, Коалицијата „Можеме“ неофицијално има освоено 77.188 гласови, додека коалицијата „Обнова“ 74.444 гласови. Според неофицијални информација Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ во Радовиш има предност со околу 715 глас.

Со над три пратенички мандати над ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и коалицијата „Можеме“ се победници на овие предвремени парламентарни избори, кажа лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев синоќа на прес конференција.

„Победи иднината! Следува правда! Патот напред е потврден, на опасноста ѝ кажавме јасно ‘Не’“, кажа Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и на опозицијата Христијан Мицкоски воопшто не излезе пред јавноста.Прес-конференција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ одржа генералниот секретар  Игор Јанушев кој рече дека имат освоено победа во поголем број на градови и населени места

Според пресметка на ДИК, базирана на првичните неофицијални резултати, коалицијата на СДСМ освоила 46 пратенички мандати, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден.

Според најновите неофицијални податоци од Државната изборна комисија, од 3.421 од вкупно 3.480 избирачки места, коалицијата на СДСМ победи со 324.084 гласови или 36,12%, пред коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ со 312.745 гласа или 34,85 %.

Избори 2020

Истече рокот за поднесување приговири до ДИК, Левица поднесе 1.982 приговори

Виолета | Media Press

Published

on

 Пред истекот на рокот, Левица поднесе 1.982 приговори. Како што објави партијата на Фејсбук, приговорите се поради изборни нерегуларности и за да си ги повратат тројцата пратеници.

„На десет минути пред истекот на законскиот рок, во архивата на ДИК, Левица ги поднесе своите 1.982 писмени ПРИГОВОРИ (уредно спакувани во четири регистратори) – за да си ги повратиме тројцата украдени пратеници!“, стои во објавата.

Continue Reading

Избори 2020

Три дена по изборите ДИК објави нов закучок, поради како што велат исправка на техничка грешка

Виолета | Media Press

Published

on

ДИК го објави заклучокот со кој се врши исправка на технички грешки во заклучокот од 16.07.2020 година.

Според новите бројки, зголемен е бројот на граѓани кои гласале и бројот на неважечки ливчиња. Во заклучокот стои  дека всушност гласале 943.750 гласачи. Од нив 912.186 се важечки ливчиња, а бројот на неважечки ливчиња е 31.564. Измена има и кај бројот на неупотребени гласачки ливчиња кој од завчерашните 869.889 се зголеми за 624 и сега изнесува 870.513.

Во четвртокот пак ДИК соопшти дека гласале 942.334 гласачи, или за 1.416 помалку од денеска објавеното, а од нив 31.466 биле неважечки.

Според направената исправка излегува дека бројот на неважечки ливчиња е зголемен за 148.

Continue Reading

Избори 2020

Двајцата кандидати за пратеници од Радовиш од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, влегуваат во групата од по десет пратеници во 4 ИЕ, кој се останатите од Југоистокот

Виолета | Media Press

Published

on

Неофицијално излезноста на предвремените парламентарни избори конечно можат да се видат на веб-страницата на Државната изборна комисија. Според овие податоци излезноста на овие избори била 51,34 отсто од гласачите. Гласале 931.369 граѓани.

Неофицијално владејачката коалиција на СДСМ „Можеме“ освоила најмногу гласови и 46 пратенички места.  СДСМ освоила 327.329 гласови, по што следи коалицијата на опозициската ВМРО- ДПМНЕ „Обнова за Македонија“ со 315.344 гласови и 44 места во парламентот со 120 места.

Според резултатите кои вчера ги соопшти претседателтот на ДИК Оливер Деркоски, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ќе освојат по десет пратенички места во четвртата изборна единица.

Од Југоистокот, ВМРО ДПМНЕ ги добива пратениците: Дајанчо Евтимов од Василево, Ели Панова од Струмица, Здравко Трајанов од Радовиш, Ангелина Петкова од Гевгелија и  Јадранка Поцкова од Струмица.

Во превите десет на СДСМ,  влегуваат:  лидерот на партијата, Зоран Заев од Струмица, Марија Костадинова од Гевгелија, Костадин Костадинов од Струмица и Никола Чаракчиев од Радовиш.

Откако вчера беше усвоен заклучокот за конечните изборни резултати од предвремените парламентарни избори во Македонија, започнаа 48-часовните рокови за приговори за спроведувањето на изборите и за сумирањето на резултатите. На нив Државната изборна комисија ќе треба да одговори во рок од 72 часа.

Continue Reading