Неофицијално излезноста на предвремените парламентарни избори конечно можат да се видат на веб-страницата на Државната изборна комисија. Според овие податоци излезноста на овие избори била 51,34 отсто од гласачите. Гласале 931.369 граѓани.
Неофицијално владејачката коалиција на СДСМ „Можеме“ освоила најмногу гласови и 46 пратенички места. СДСМ освоила 327.329 гласови, по што следи коалицијата на опозициската ВМРО- ДПМНЕ „Обнова за Македонија“ со 315.344 гласови и 44 места во парламентот со 120 места.
Според
резултатите кои вчера ги соопшти претседателтот на ДИК Оливер Деркоски, ВМРО ДПМНЕ
и СДСМ ќе освојат по десет пратенички места во четвртата изборна единица.
Од Југоистокот, ВМРО ДПМНЕ ги
добива пратениците: Дајанчо Евтимов од Василево, Ели Панова од Струмица,
Здравко Трајанов од Радовиш, Ангелина Петкова од Гевгелија и Јадранка
Поцкова од Струмица.
Во превите десет на СДСМ, влегуваат: лидерот на партијата, Зоран Заев од Струмица, Марија Костадинова од Гевгелија, Костадин Костадинов од Струмица и Никола Чаракчиев од Радовиш.
Откако вчера беше усвоен
заклучокот за конечните изборни резултати од предвремените парламентарни избори
во Македонија, започнаа 48-часовните рокови за приговори за спроведувањето на
изборите и за сумирањето на резултатите. На нив Државната изборна комисија ќе
треба да одговори во рок од 72 часа.