Здравје
РЕЧИСИ 12 МИЛИОНИ ЛУЃЕ ШИРУМ СВЕТОТ СЕ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС
Објавено на
Од
Media Press
Во моментов има 4.507.880 активно заразени луѓе во светот, а 7.467.039 луѓе се опоравиле од инфекција со КОВИД-19.
Коронавирусот се
појави за прв пат во кинескиот град Вухан кон крајот на минатата година, а
Светската здравствена организација (СЗО) прогласи глобална пандемија КОВИД-19
во март годинава.
Порталот „Worldometer“ објавува
ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата
КОВИД-19, а според најновите податоци, 547.120 лица починале како резултат на
инфекција со коронавирус во светот.
Бројот на заразени во САД премина 3 милиони, а ја следат Бразил со 1,6 случаи на заразени луѓе, и Индија и Русија со повеќе од 700.000 регистрирани случаи во секоја.
Кина бележи вкупно 87.573 регистрирани случаи на корона вирусот, од кои 78.548 се опоравиле
Луѓето со КОВИД-19 пријавиле широк спектар на симптоми – почнувајќи од благи симптоми до тешка болест. Овие симптоми може да се појават 2-14 дена по изложеноста на вирусот:
-Треска
-Кашлица
-Скратен здив или отежнато дишење
-Студ
-Мускулна болка
-Главоболка
-Воспалено грло
-Висока температура
-Губење на вкус или мирис
Период на инкубација
на ковид-19
Периодот на инкубација (време од изложеност на развој на симптоми) на вирусот
се проценува дека е помеѓу 2 и 14 дена врз основа на следниве извори:
-Светската здравствена организација (СЗО) пријави период на инкубација за КОВИД-19 помеѓу 2 и 10 дена.
-Националната здравствена комисија на Кина (NHC) првично процени период на инкубација од 10 до 14 дена
Поврзани содржини

Вкупно 92 лица од 330.000 кои се ревакцинирани заболеле по заразување со коронавирусот

Растат бројките и во Југоистокот, за два дена 167 нови случаи и 13 починати лица од корона вирусот

43 нови случаи на ковид 19 во Југоисточниот регион во последните 24 часа, најголем број во Гевгелија

Регистрирани 416 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 278 лица

Потврдени се 389 нови случаи на коронавирус, 24 од нив во Југоистокот, 998 лица во земјава оздравеле

Зголемен бројот на нови случаи за една недела, а намален на починати и оздравени
Здравје
Предупредувачки знаци на заборавеност
Published
4 недели agoна
октомври 22, 2026By
Media Press
Експертите изјавија дека ако некое лице не може да се сети дури и на едноставни зборови, тоа е веќе причина за загриженост
Благите паузи во меморијата, како на пример бавно сеќавање на имиња или некои детали можат да се случат и на возраст помеѓу 30-40 години, но тоа станува очигледно по 50-60 години.

Експертите предупредуваат дека треба да се вклучи алармот кога заборавеноста почнува да се случува во секојдневниот живот. Заборавеност, дезорентација на познати места и тешкотии при изнаоѓање вообичаени зборови.
Стресот, недостаток на сон или депресија можат да влијаат на меморијата. Недостатокот на витамини Б12 или Д, како и од дисфункција на тироидната жлезда може да предизвика слични симптоми.
Во таков случај важно е веднаш да се консултирате со невролог, кој ќе ја процени вашата когнитивна функција во целост и здравјето.
Здравје
ЗОШТО ТРЕБА ДА ОДИТЕ 100 ЧЕКОРИ ПО ЈАДЕЊЕТО
Published
4 недели agoна
октомври 22, 2026By
Media Press
Експертите наведуваат дека 100 чекори по јадењето му помагаат на телото подобро да ја апсорбира гликозата и да ја одржува активноста без интензивни вежбања.
Редовно одење помага во согорувањето на енергијата, го ублажува чувството на тежина по јадење и ве одржува во форма.
Подобра апсорпција и контрола на гликозата (Шеќерот во крвта)
- Мускулна апсорпција: Кога јадеме, нивото на гликоза во крвта се зголемува. Кога мускулите се соодветно активирани (дури и со лесно одење), тие почнуваат да ја влечат гликозата од крвта за да ја користат како енергија.
- Помало оптоварување на панкреасот: Овој процес се случува независно или со помала потреба од инсулин, што го спречува наглиот скок на шеќерот во крвта (glycemic spikes) и го намалува заморот што често се јавува по јадење.
2. Поддршка на дигестивниот систем
- Краткото и лесно движење ја стимулира перисталтиката (кревањето и работата на цревата), што помага храната побрзо и поефикасно да се преработи.
- Го намалува чувството на подуеност, тежина во стомакот и ризикот од појава на киселини (рефлукс).
3. Лесна активност без замарање
- За разлика од интензивниот тренинг (кој не се препорачува веднаш по оброк бидејќи ја пренасочува крвта од дигестивниот систем во големите мускули), лесното чекорење не го оптоварува стомакот, а сепак го одржува метаболизмот активен.
Дали 100 чекори се доволни?
Иако 100 чекори се одличен начин да се прекине долгото седење веднаш по јадење, повеќето здравствени студии покажуваат дека најоптимални резултати за намалување на шеќерот во крвта се постигнуваат со:
- 2 до 5 минути лесно одење (што изнесува околу 250 – 500 чекори);
- Идеално во рок од 30 до 60 минути по оброкот, кога нивото на шеќер во крвта го достигнува својот пик.
Здравје
Еве зошто не треба да се става парче лимон во пијалак
Published
9 месеци agoна
февруари 18, 2026By
Media Press
Кришка лимон во чаша вода или во некој друг пијалак е вообичаена работа. Меѓутоа, дали некогаш сте помислиле дека притоа внесувате многу повеќе материи во својот организам и тоа непосакувани?
Во текот на истражувањето кое го спроведе Journal of Environmental Health истражувачите прегледале 76 лимони собрани од 21 ресторан кои ги посетиле 43 пати.
Откриле дека дури 70 отсто од кришките лимони содржат микроорганизми.
Примероците ги земале откако пијалакот бил послужен, значи пред да се испие или некој друг физички контакт. За потеклото на микробите научниците можеле само да шпекулираат.
– Иако е познато дека лимонот има некои антибактериски својства, резултатите покажале дека широкиот спектар на микроорганизми може да опстане дури и на неисечен лимон.
Сопствениците на рестораните и кафулињата треба да бидат свесни дека заедно со лимонот во чашата ставаат потенцијално патогени микроорганизми – се наведува во студијата.
Филип Тиерно, професор по микробиологија и патологија во медицинскиот сектор НЅУ Лангон, спроведе десетина слични истражувања.
Откри дека дури половина од лимоновите кришки се загадени со човечки фекалии поради директен допир со прстите.
Имено, забележал дека многумина работат во нехигиенски услови, а освен тоа во допир се со други намирници или миеле чаши, а потоа ја допирале храната и лимонот без ракавици и без претходно да ги измијат рацете.
На лимонот можат да се пренесат бактерии и ако не се измијат рацете по одење во тоалет, кивање или кашлање.
Тиерно вели дека постои можност комзументот да се разболи поради тоа, но тврди дека не постои голем ризик.
Слични микроби најдени се и во шишенцата за сол, бибер, масло и кечап, како и на приборот за јадење.
Извор: https://denar.mk/42373

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

