Connect with us

Свет

ВОНРЕДНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА СРПСКАТА ПОЛИЦИЈА ПОСЛЕ ПРОТЕСТИТЕ ВО БЕЛГРАД

Виолета | Media Press

Published

on

По најавата за воведување мерки како што е забрана за собири и полициски час со цел да се спречи ширењето на инфекцијата КОВИД 19, во Беглрад граѓаните излегоа на протест. Ситуацијата брзо излезе од контрола со десетици повредени луѓе.

Српската полиција одржа прес-конференција во која рекоа дека собирот на граѓани не бил пријавен. „После првиот половина час, го имавме првиот инцидент што укажува на карактерот на целиот настан. Демонстрантите не дозволија брзата помош да го пренесе загрозениот пациент во болница“, рече директорот на српската полиција, Владимир Ребиќ.

Истата работа се случи кога полицијата се појави, тврди тој, додавајќи дека полицијата не реагирала сè додека демонстрантите не започнале да фрлаат камења и лименки кон нив. „Тогаш имаше употреба на присилни средства – солзавец, така што ги одвративме нападите на хулиганите“, посочи тој.

43 полицајци побарале лекарска помош. „Еден колега има скршеница на черепот и потрес на мозокот. Загрижени сме за неговото здравје и здравјето на сите полицајци кои претрпеа повреди“, рече Ребиќ.

“Поради насилството во Собранието, притворени се 24 лица, 23 за прекршоци и едно лице за кривично дело. Покрај штетата што им е нанесена на полициските службеници, имотот на Министерството за внатрешни работи претрпе значителна материјална штета”, рече Ребиќ. Тој рече дека пет службени возила биле запалени, а оштетена е и полициска опрема.

Протестите во центарот на Белград започнаа во вторникот вечер, поради најавата за полициски час во главниот град, а продолжија и после полноќ, и покрај жестоката реакција на полицијата која испушти неколку десетици солзавци кон демонстрантите.

Околу два часот наутро, полицијата добила засилувања. Оклопни возила, жандармерија на коњи и дополнителен број специјални сили пристигнале за да ги запрат демонстрантите на улиците.

Свет

Шведската Влада не препорачува децата да се вакцинираат против Ковид-19

Виолета | Media Press

Published

on

Шведските експерти сметаат дека децата го пренесуваат вирусот на ограничен начин, па затоа  шведската Влада нема да препорача вакцинирање за коронавирусот на децата под 18-годишна возраст.

Шведските здравствени власти им ја препорачуваат вакцината на возрасните, особено на оние кои се од ранливите групи и на постарите лица, пренесе Си-Ен-Ен.

Главниот шведски епидемиолог, Андерс Тегнел, објасни дека Шведска работи според принципот на доброволна вакцинација, а тоа било случај и за време на минатите пандемии, кога биле вакцинирани голем број луѓе.

Continue Reading

Свет

Видео од кое секој може да извлече поука

Виолета | Media Press

Published

on

Голема гледаност и безброј коментари предизвика водеото во кое се гледа како девојче со гума е прилично одалечено од брегот, однесено од морските бранови и како се обидува крајбрежната стража да му помогне. Поука за младите родители кога се на одмир да не ги оставаат децата сами во вода, бидејќи природата знае да биде и немилосрдна. За среќа девојчето беше спасено навреме.

Continue Reading

Свет

Трамп најави дека е одобрена терапија со крвна плазма во третманите на заразените со корона вирусот

Виолета | Media Press

Published

on

Федералната агенција за лекови (ФДА) итно ја одобрила употребата на крвна плазма на излекувани пациенти со Ковид-19 во третманите со заразените со корона вирусот, соопшти Американскиот претседател Доналд Трамп.

„Ова е навистина историски ден. Станува збор за моќна терапија која овозможува трансфузија на многу силни антитела од крвта на оздравени пациенти за да им помогнат на пациентите кои се борат со инфекцијата. Резултатите покажуваат дека овој третман е исклучително успешен – порача Трамп и ги повика луѓето кои се излекувале од Ковид-19 да даруваат крвна плазма.

Во САД веќе починаа повеќе од 176.000 луѓе, а заразени се речиси 5,7 милиони лица со корона вирус – повеќе од било која друга земја во светот.

Continue Reading