Економија
Од денеска незначителни промени на цените на горивата кои важат од синоќа на полноќ

Published
7 months agoon
By
Media Press
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 29.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50 ден/лит, соопшти Регулаторна комисија за енергетика.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) , не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 29.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 29.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,156 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 29.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 25,980 ден/кг.
Поврзани содржини
Нови повисоки цени на горивата од вечерва на бензинските пумпи
Од полноќ поскапување на цените на горивата до 1.5 денари
Незначителни промени на цените на горивата кои важат од полноќ
Бензините се намалуваат за 1.5 денари, дизелот се зголемува за половина денар
Од вечерва на полноќ се зголемуваат цените на горивата
Од вечерва на полноќ, се намалуват цените на горивата
Економија
Државен Завод за статистика: Просечната ноемвриска нето плата била 27.588 денари

Published
14 hours agoon
January 21, 2021By
Media Press
Според податоците објавени од страна на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, изнесува 107.0.
Ваквото зголемување според ДСЗ се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11.2 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (11.2 %) и Образование (9.5 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.1 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (3.6 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.4 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2020 година, изнесува 27 588 денари.
Економија
НБРМ: Сè уште постојат економски ризици и покрај почетокот на вакцинацијата која влева оптимизам

Published
16 hours agoon
January 21, 2021By
Media Press
Во најновиот извештај за тековната економија прегледот е фокусиран на промените на екстерните претпоставки и остварувањата кај домашните варијабли и на тоа како овие промени се одразуваат врз амбиентот за водење на монетарната политика.
Со почетокот на вакцинацијата за заштита од ковид-19 се зголеми оптимизмот кај економските субјекти во однос на очекувањата за глобалниот раст на среден рок. Сепак, и понатаму постои високата неизвесност, како и ризиците поврзани со развојот на пандемијата и нејзиното времетраење.
Податоците за октомври во извештајот покажуваат подобри остварувања во однос на третиот квартал. Сепак, во услови на повторно воведени рестрикции за спречување на ширењето на вториот бран на пандемијата, оцените од анкетните истражувања на домаќинствата и претпријатијата за четвртиот квартал од 2020 година упатуваат на послаби движења на економијата во однос на третиот квартал, главно заради послабите оценки за услужниот сектор и потрошувачката на населението.
„Последните макроекономски показатели и оцени упатуваат на одредени отстапувања во однос на проектираната динамика, но согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се главно непроменети во однос на претходните оцени“ – се вели во соопштението.
Целиот извештај може да го погледнете со кликнување на Извештај за преглед на тековната состојба
Економија
ССК достави 15 мерки за опстанок на работните места и претпријатијата

Published
1 day agoon
January 20, 2021By
Media Press
Сојузот на стопански комори на Македонија бара континуитет на поддршката која ќе овозможи да се зачуваат работните места и да опстанат претпријатијата. Ова барање на ССК е преточено во 15 мерки кои и официјално се доставени до надлежните.
“Сојузот достави 15 мерки за економски спас кои се базираат на реалните потреби на стопанството кое се соочува со голем број предизвици. Важно е да се зачуваат работните места, но и да се надмине нарушената ликвидност која многу брзо, доколку не се обезбеди континуирана финансиска помош може да доведе до затворање на дел од правните субјекти. Во услови на намалена деловна активност и голема неизвесност, мерката 14.500 даде значителни резултати за одржување на претпријатијата како и зачувување на работните места. Неопходно е и да остане достапна кредитната линија на Развојната банка, за мали и средни претпријатија со овозможување средства за надминување на предизвиците за одржување на ликвидноста“, изјави претседателот на Сојузот на стопански комори, Даниела Арсовкска.
Според Арсовска, предлог-мерките се скромни со оглед на состојбите во економијата и се засновани на широк процес на консултации во приватниот сектор.
Неопходно е поддршката да има континуитет, кој повеќе од се ќе биде сигнал за претпријатијата да се задржат работните места и да се издржи тешкиот период без да згаснат дејностите кои се најкритични – дополнува Арсовска
Приоритетни мерки на предложениот пакетот вклучуваат продолжување на мерката за месечна финансиска помош од 14.500 денари до април 2021 година, директно и неселективно, продолжување на помош во форма на бескаматни кредити и можност за репрограмирање на обврските од активни кредитни побарувања.

Епидемијата во земјата бележи стабилизација, се намалува бројот на заразени а се зголемува на оздравени пациенти

Реализација на неколку капитални проекти ќе ја обележат 2020, за Општина Радовиш

Изгласан Законот за попис на населението и домаќинствата

Царовска: Реформите се потребни, тие се во интерес и на децата и на нашите барања
