Connect with us

Економија

Работодавачите во медиумите можат да аплицираат за субвенционирање на придонесите на платите на вработените

Виолета | Media Press

Published

on

Управата за јавни приходи соопшти дека работодавачите во  медиумите можат да аплицираат за субвенционирање на придонесите на платите на вработените.

„За  секој осигуреник за месец јуни, јули и август 2020 година му  се субвенционира 100% од износот за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување согласно „Уредбата со законска сила за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во медиуми“, стои во соопштението.

За остварување на правото за субвенционирање, работодавачот- медиум, додаваат од УЈП треба да пополни и поднесе  комплетно Барање за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување (образец БС-ПЗСОМ) во Месечната пресметка за интергрирана наплата (МПИН образец) за осигуреникот за кој бара субвенционирање.

Економија

СТРУЈАТА НЕ СМЕЕ ДА ПОСКАПИ! Реагираат сојузи на синдикати и здруженија

Виолета | Media Press

Published

on

По вчерашната информација за поскапување на цената на струјата за околу 8%, денеска со своја реакција се јавија  синдикатите и здруженијата.

„Најостро реагираме на скандалозната Одлука на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на струјата за високи 7,4% и бараме истата веднаш да биде повлечена! 

Револтира што Одлуката се носи во екот на најголемата криза од поновото време, кога илјадници луѓе остануваат без работа или добиваат намалување на платите, како и во период кога се обелоденуваат разни малверзации од страна на фирми кои добивале државна помош а не исплаќале плати на вработените. Со ваква штетна предлог Одлука уште еднаш се потврдува дека најголемиот удар од кризава ќе биде врз економски најранливите и работниците.  

Револтира образложението на Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, дека цената морала да се покачи, поради намалените приходи на енергетските компании. Профитот на големите монополски компании не смее да биде пред јавниот интерес и обврската на државата да ги штити посиромашните граѓани.

Револтира и тоа што одлуката се носи преку ноќ, без никаква јавна консултација, среде лето, пред продолжен викенд и државен празник, кога граѓаните немаат многу простор да реагираат на неа. Одлуката се носи и во пост-изборен период, кога не е конституирано Собранието и нема избрано нова Влада, поради што е спорен и нејзиниот легитимитет, бидејќи ова не е техничка одлука. Ова е политичка одлука, со сериозни политички и социјални последици, која ќе ги засегне сите граѓани на оваа држава на долг период.

Укажуваме и дека многу европски држави во кризава донесоа одлуки со кои ги одложија или ги покрија сметките за струја за сиромашните граѓани, или пак ја намалија цената на струјата. Нашата држава, која има највисока сиромаштија и невработеност во цела Европа, има уште поголема обврска да донесе некоја таква мерка, наместо да покачува цени.

Поради сето ова, бараме Регулаторната комисија за енергетика веднаш да ја повлече Одлуката за поскапување на струјата!“ стои во известувањето од синдикатите и здруженијата. 

Потписници на Повелбата за солидарност и здруженијата и организациите за заштита на човековите и работничките права:

  • Синдикат на македонската дипломатска служба (СМДС)
  • Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ)
  • Самостоен синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ)
  • Синдикат на културата на Република Македонија (СКРМ)
  • Конфедерација на синдикалните организации на Македонија (КСОМ)
  • Независен академски синдикат (НАкС)                                                                                                                                                                                                    
  • Левичарско движење СОЛИДАРНОСТ
  • Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
  • Здружение на граѓани „Гласен Текстилец“
  • ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена 
  • Субверзивен фронт

Continue Reading

Економија

Кривична одговорност за фирмите кои користеле државна финансиска поддршка, а не им исплатиле плати на своите вработени

Виолета | Media Press

Published

on

Реакција на синдикати и здруженија во врска со злоупотреба на државната финансиска поддршка: Кривична одговорност за фирмите кои користеле државна финансиска поддршка, а не им исплатиле плати на своите вработени,стои во рекцијата

„Силно ги осудуваме сите работодавачи кои примиле финансиска поддршка од државата, а не ја исполниле обврската за исплата на плати на своите вработени. Целта на државната финансиска поддршка утврдена со владината уредба за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19 беше да се зачуваат работните места на работниците, а не работодавачите незаконски да профитираат на грбот на работниците за време најголемата здравствена, социјална и финансиска криза со која се соочуваме. Сметаме дека ваквото однесување на работодавачите е недозволиво, неправедно, незаконско и нехумано и апелираме на следново:

–       Управата за јавни приходи, без одложување и во најкус можен рок согласно своите законски овластувања да изврши присилна наплата на платите на работниците во фирмите кои добиле државна финансиска поддршка, а не ја исполниле обврската за исплата на плати во месеците за кои ја земале поддршката или исплатиле помалку плата за овие месеци.

–       Управата за јавни приходи, во соработка со Државниот инспекторат за труд, а согласно Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување на споменатите работодавачи да им изрече глоба за сторен прекршок и да ги задолжи работодавачите да ги вратат добиените државни финансиски средства.

–       Основното јавно обвинителство да покрене постапка по допрен глас против сите работодавачи кои добиле државна финансиска поддршка, а не им исплатиле плати на своите работодавачи за сторено кривично дело измама по чл. 247 од Кривичниот законик.

–       Владата како носител на мерката и исплатувач на државната финансиска поддршка јавно да ги објави фирмите кои ја користеле државната финансиска поддршка, а не им исплатиле плати на своите вработени.

–       Во иднина сите финансиски мерки за помош и поддршка на работниците да им се исплаќаат директно на работниците, а не на работодавачите, за да се избегнат вакви и слични злоупотреби“, стои во реакцијата од Сојузот на синдикати на Македонија и здруженија на граѓани“, стои во реакцијата од:

·         Конфедерација на синдикални организации на Македонија (КСОМ)

·         Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ)

·         Независен академски синдикат (НАкС)

·         Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ)

·         Синдикат на културата на Република Македонија (СКРМ)

·         Синдикат на македонската дипломатска служба (СМДС)

·         Хелсиншки комитет за човекови права

·         Здружение на граѓани „Гласен Текстилец“

·         Левичарско движење „Солидарност“

·         ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена 

·         Субверзивен фронт

Continue Reading

Економија

Фирми добиле финансиска помош за плата од државата, но не им ги исплатиле платите на работниците

Александар | Media Press

Published

on

Од Управата за Јавни Приходи денеска информираат дека неколку работодавачи од Скопје, Тетово, Гостивар, Струга добиле финансиска поддршка од државата за плата на вработените, но таа помош не им ја исплатиле на нивните работници.

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска на денешната на прес-конференција ги соопшти овие податоци од реализацијата на мерката во април, мај и јуни. Воедно упатува апел до работодавачите да ја исплатат мерката кон работниците за кои ја земале пред да бидат јавно објавени.

Лукаревска дополни дека доколку не се исплатат средствата предвидени за работниците, ќе се пристапи кон враќање на средствата, глоби и присилна наплата во координација со Државниот инспекторат за труд.

Continue Reading