Состојбата на одводните канали е многу лоша и
е извор на болести и зарази. Лошата состојба на одводните канали е причината за
загадувањето на површинските води, оние води што се користат за наводнување на
полјоделските култури се контаминирана со фекалии. Општина Илинден
е само едно од местата каде состојбата со отпадот е алармантна и неопходна е
изградба на комплетна одводна канализациона мрежа со пречистителни станици со
цел да не се исфрла фекална и друга отпадна вода во каналот, рече Ивица Мицев
кандидат на листата на Македонски концепт во ИЕ 3.
Според него, општините, селата и градовите,
целата држава е депонија, отпад се остава секаде, никој не се грижи за
животната средина, грижата за животната средина е индивидуална одговорност на
секој од нас и воедно на институциите. Граѓаните заслужуваат да живеат во чиста
и здрав животна околина. Институциите треба да си ја завршат својата работа. Македонски концепт има проект за справување со отпадот во Македонија и
решение за моменталната ситуација.
“Проектот Јавни работи за земја без ѓубре,
предвидува истовремено решавање на неколку сериозни проблеми. Како
приоритетно проблемот со отпадот од чие решавање ќе произлезе можност за
дополнителна заработка за граѓаните. Бенефитите од овој проект започнуваат од
чистата животна средина а продолжуваат на намалување на
сиромаштијата. Суштинско во нашиот проект е вклучувањето на граѓаните
затоа што институциите потфрлија, системот не
функционира и станавме земја на отпадот”, објасни Мицев