Сите
избирачки места во Општина Радовиш ги исполнуваат условите за гласање согласно
предвидените здравствени протоколи за претстојните избори, дознаваме ос ОИК од
Радовиш. Вкупно има 46 избирачки места
од кои 2 поради мал број на гласачи се припојуваат кон најблиските избирачки места.
Тоа значи дека околу 24000 гласачи колку што се запишани во единствениот избирачки
список ќе гласаат на 44 избирачки места.
Неколку од избирачките места во
струмичкиот регион не ги исполнуваат условите согласно предвидените здравствени
протоколи за претстојните избори. Пред
се станува збор за избирачки места
кои немаат соодветни просторни услови и
каде нема можност за потребното растојание и кружно движење на избирачите.Поради
тоа тие ќе бидат преместени на други локации со цел да се обезбедат услови за безбедно одвивање на изборниот процес
како за гласачите така и за членовите на
избирачките одбори.
Општина Струмица има 83 избирачки места од кои само
четири не ги исполнуваа условите за гласање по новите протоколи за заштита од
Ковид- 19. Во останатите три општини од струмичкиот микро регион Босилово, Василево и НОво Село промени нема .
Сите 57 избирачки места ги исполнуваат
предвидените услови согласно протоколите
и во нив граѓаните своето право на глас
ќе може да го остварат на местата на кои гласале и до сега.