Connect with us

Економија

УЈП во август ќе им исплаќа поврат на ДДВ на купувачите

Media Press

Published

on


Управата за јавни приходи известува на 30.06.2020 година се заокружи второто тримесечје од 2020 година за поврат на ДДВ кај физичките лица.

Во ова тримесечје за април, мај и јуни 2020 регистрирани се нови 24.974 корисници на апликацијата мој ДДВ, а скенирани се вкупно 41.650.814 фискални сметки, направен промет од 21.414.380.426,00 денари, а вкупниот поврат изнесува 334.556.243 денари односно 5.440.000 евра.

Повратот на 15% од искажаниот промет во фискалната сметка, кај граѓаните за ова тримесечје ќе започне да се исплаќа во август 2020 година.

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да ги ажурираат податоците наведени во апликацијата со што би овозможиле редовна исплата на повратот.

Граѓаните кои имале погрешно наведени податоци а во меѓувреме ги коригирале односно ги навеле точните податоци ќе им се исплати повратот за целиот период на скенирање.

Економија

Државен Завод за статистика: Просечната ноемвриска нето плата била 27.588 денари

Media Press

Published

on

Според податоците објавени од страна на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, изнесува 107.0.

Ваквото зголемување според ДСЗ се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11.2 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (11.2 %) и Образование (9.5 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.1 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (3.6 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна  (3.4 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2020 година, изнесува 27 588 денари.

Continue Reading

Економија

НБРМ: Сè уште постојат економски ризици и покрај почетокот на вакцинацијата која влева оптимизам

Media Press

Published

on

Во најновиот извештај за тековната економија прегледот е фокусиран на промените на екстерните претпоставки и остварувањата кај домашните варијабли и на тоа како овие промени се одразуваат врз амбиентот за водење на монетарната политика.

Со почетокот на вакцинацијата за заштита од ковид-19 се зголеми оптимизмот кај економските субјекти во однос на очекувањата за глобалниот раст на среден рок. Сепак, и понатаму постои високата неизвесност, како и ризиците поврзани со развојот на пандемијата и нејзиното времетраење.

Податоците за октомври во извештајот покажуваат подобри остварувања во однос на третиот квартал. Сепак, во услови на повторно воведени рестрикции за спречување на ширењето на вториот бран на пандемијата, оцените од анкетните истражувања на домаќинствата и претпријатијата за четвртиот квартал од 2020 година упатуваат на послаби движења на економијата во однос на третиот квартал, главно заради послабите оценки за услужниот сектор и потрошувачката на населението.

Последните макроекономски показатели и оцени упатуваат на одредени отстапувања во однос на проектираната динамика, но согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се главно непроменети во однос на претходните оцени“ – се вели во соопштението.

Целиот извештај може да го погледнете со кликнување на Извештај за преглед на тековната состојба

Continue Reading

Економија

ССК достави 15 мерки за опстанок на работните места и претпријатијата

Media Press

Published

on

Сојузот на стопански комори на Македонија бара континуитет на поддршката која ќе овозможи да се зачуваат работните места и да опстанат претпријатијата. Ова барање на ССК е преточено во 15 мерки кои и официјално се доставени до надлежните.

Сојузот достави 15 мерки за економски спас кои се базираат на реалните потреби на стопанството кое се соочува со голем број предизвици. Важно е да се зачуваат работните места, но и да се надмине нарушената ликвидност која многу брзо, доколку не се обезбеди континуирана финансиска помош може да доведе до затворање на дел од правните субјекти. Во услови на намалена деловна активност и голема неизвесност, мерката 14.500 даде значителни резултати за одржување на претпријатијата како и зачувување на работните места. Неопходно е и да остане достапна кредитната линија на Развојната банка, за мали и средни претпријатија со овозможување средства за надминување на предизвиците за одржување на ликвидноста“, изјави претседателот на Сојузот на стопански комори, Даниела Арсовкска.

Според Арсовска, предлог-мерките се скромни со оглед на состојбите во економијата и се засновани на широк процес на консултации во приватниот сектор.

Неопходно е поддршката да има континуитет, кој повеќе од се ќе биде сигнал за претпријатијата да се задржат работните места и да се издржи тешкиот период без да згаснат дејностите кои се најкритични – дополнува Арсовска

Приоритетни мерки на предложениот пакетот вклучуваат продолжување на мерката за месечна финансиска помош од 14.500 денари до април 2021 година, директно и неселективно, продолжување на помош во форма на бескаматни кредити и можност за репрограмирање на обврските од активни кредитни побарувања.

Continue Reading