Connect with us

Избори 2020

Македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, порача Заев на прес- конференција

Виолета | Media Press

Published

on

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција пред Собранието порача дека македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, а за тоа е доказ и утврдувањето на предлогот за преговарачката рамка, што пак значи дека се утврдуваат правилата по кои ќе се одвиваат преговорите на Македонија за членство во Унијата.

„Европската Унија вчера го утврди предлогот за преговарачката рамка, за преговорите за членство и го достави на разгледување до државите членки. Северна Македонија оди уште поблиску кон Унијата. Македонската интеграција забрзува. Оваа вест доаѓа по цели 19 години од потпишување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација како прв чекор кон интеграцијата во ЕУ. 15 години по добивање на кандидатскиот статус, по 11 позитивни препораки за почеток на преговорите и по историската одлука на советот за почеток на преговорите за членство на нашата земја во ЕУ на 26 март оваа година. Очекуваме наредната недела да започне дискусијата по рамката за преговори на експертско ниво. И во периодот пред нас, рамката да биде усвоена од земјите членки со што преговорите и формално ќе започнат“, кажа Заев.

Во однос на јазикот, лидерот на СДСМ, Заев, кажа дека преводот на цело европско законодавство на македонски јазик е уште еден доказ дека не сме го изгубиле јазикот, како што тврдеа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе европското законодавство пред да станеме земја членка на Европската Унија. Тоа го сметаме за нешто нормално, стандардна работа, бидејќи согласно нашата лична карта во Обединетите нации, согласно нашето право на самоопределување, нашиот јазик е македонски, а нашата комуникација ја водиме и на македонски јазик. Ова е уште една потврда и признание за македонскиот јазик. Ова нека биде и апел да запрат со лагите оние кои со месеци лажеа и велеа дека ‘сме го изгубиле јазикот’. И да престанат да ни го навредуваат и омаловажуваат јазикот нарекувајќи го ‘северџански’. Ги повикувам нив, ВМРО-ДПМНЕ, да се одважат и да го поздрават усвојувањето на предлог преговарачката рамка. Да ја поздрават и веста дека законодавството на ЕУ ќе биде преведено на нашиот македонски јазик.“, додаде Заев.

Избори 2020

Истече рокот за поднесување приговири до ДИК, Левица поднесе 1.982 приговори

Виолета | Media Press

Published

on

 Пред истекот на рокот, Левица поднесе 1.982 приговори. Како што објави партијата на Фејсбук, приговорите се поради изборни нерегуларности и за да си ги повратат тројцата пратеници.

„На десет минути пред истекот на законскиот рок, во архивата на ДИК, Левица ги поднесе своите 1.982 писмени ПРИГОВОРИ (уредно спакувани во четири регистратори) – за да си ги повратиме тројцата украдени пратеници!“, стои во објавата.

Continue Reading

Избори 2020

Три дена по изборите ДИК објави нов закучок, поради како што велат исправка на техничка грешка

Виолета | Media Press

Published

on

ДИК го објави заклучокот со кој се врши исправка на технички грешки во заклучокот од 16.07.2020 година.

Според новите бројки, зголемен е бројот на граѓани кои гласале и бројот на неважечки ливчиња. Во заклучокот стои  дека всушност гласале 943.750 гласачи. Од нив 912.186 се важечки ливчиња, а бројот на неважечки ливчиња е 31.564. Измена има и кај бројот на неупотребени гласачки ливчиња кој од завчерашните 869.889 се зголеми за 624 и сега изнесува 870.513.

Во четвртокот пак ДИК соопшти дека гласале 942.334 гласачи, или за 1.416 помалку од денеска објавеното, а од нив 31.466 биле неважечки.

Според направената исправка излегува дека бројот на неважечки ливчиња е зголемен за 148.

Continue Reading

Избори 2020

Двајцата кандидати за пратеници од Радовиш од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, влегуваат во групата од по десет пратеници во 4 ИЕ, кој се останатите од Југоистокот

Виолета | Media Press

Published

on

Неофицијално излезноста на предвремените парламентарни избори конечно можат да се видат на веб-страницата на Државната изборна комисија. Според овие податоци излезноста на овие избори била 51,34 отсто од гласачите. Гласале 931.369 граѓани.

Неофицијално владејачката коалиција на СДСМ „Можеме“ освоила најмногу гласови и 46 пратенички места.  СДСМ освоила 327.329 гласови, по што следи коалицијата на опозициската ВМРО- ДПМНЕ „Обнова за Македонија“ со 315.344 гласови и 44 места во парламентот со 120 места.

Според резултатите кои вчера ги соопшти претседателтот на ДИК Оливер Деркоски, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ќе освојат по десет пратенички места во четвртата изборна единица.

Од Југоистокот, ВМРО ДПМНЕ ги добива пратениците: Дајанчо Евтимов од Василево, Ели Панова од Струмица, Здравко Трајанов од Радовиш, Ангелина Петкова од Гевгелија и  Јадранка Поцкова од Струмица.

Во превите десет на СДСМ,  влегуваат:  лидерот на партијата, Зоран Заев од Струмица, Марија Костадинова од Гевгелија, Костадин Костадинов од Струмица и Никола Чаракчиев од Радовиш.

Откако вчера беше усвоен заклучокот за конечните изборни резултати од предвремените парламентарни избори во Македонија, започнаа 48-часовните рокови за приговори за спроведувањето на изборите и за сумирањето на резултатите. На нив Државната изборна комисија ќе треба да одговори во рок од 72 часа.

Continue Reading