Connect with us

Избори 2020

Николовски од Радовиш, за производството и откупот на тутунот како основна земјоделска дејност во регионот

Avatar

Published

на

Носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДМНЕ во Изборната единица 4, Александар Николовски, од  Радовиш  рече дека програмата обнова предвидува наброи многу проекти од програмата како што се 20 % 1000 проекти, зголемување на пензиите, покачување на платите, намалувањето на невработеноста ,160 милиони евра секоја година за земјоделците и навремени субвенции.

Николовски вели дека нема да биде лесно, напротив ќе биде многу тешко и ќе треба макотрпна работа, но ВМРО-ДПМНЕ е спремно на тоа.

-ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски  кога ветува и исполнува, додаде Николовски

Николовски зборувајќи за тутунот како основна земјоделска дејност во регионот спомна колку плата зема директорот на Тутунскиот комбинат во Прилеп. Исто така говореше и за сегашната власт која ја нарече  криминална, и порача дека нема човек во државата ако изборот е помеѓу Заев и Македонија, што нема да ја одбере Македонија и ги повика сите граѓани без разлика на нивните ставови зашто како што вели ВМРО-ДПМНЕ подава рака на сите на 15 јули.

Избори 2020

Истече рокот за поднесување приговири до ДИК, Левица поднесе 1.982 приговори

Avatar

Published

на

 Пред истекот на рокот, Левица поднесе 1.982 приговори. Како што објави партијата на Фејсбук, приговорите се поради изборни нерегуларности и за да си ги повратат тројцата пратеници.

„На десет минути пред истекот на законскиот рок, во архивата на ДИК, Левица ги поднесе своите 1.982 писмени ПРИГОВОРИ (уредно спакувани во четири регистратори) – за да си ги повратиме тројцата украдени пратеници!“, стои во објавата.

Прочитај повеќе

Избори 2020

Три дена по изборите ДИК објави нов закучок, поради како што велат исправка на техничка грешка

Avatar

Published

на

ДИК го објави заклучокот со кој се врши исправка на технички грешки во заклучокот од 16.07.2020 година.

Според новите бројки, зголемен е бројот на граѓани кои гласале и бројот на неважечки ливчиња. Во заклучокот стои  дека всушност гласале 943.750 гласачи. Од нив 912.186 се важечки ливчиња, а бројот на неважечки ливчиња е 31.564. Измена има и кај бројот на неупотребени гласачки ливчиња кој од завчерашните 869.889 се зголеми за 624 и сега изнесува 870.513.

Во четвртокот пак ДИК соопшти дека гласале 942.334 гласачи, или за 1.416 помалку од денеска објавеното, а од нив 31.466 биле неважечки.

Според направената исправка излегува дека бројот на неважечки ливчиња е зголемен за 148.

Прочитај повеќе

Избори 2020

Двајцата кандидати за пратеници од Радовиш од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, влегуваат во групата од по десет пратеници во 4 ИЕ, кој се останатите од Југоистокот

Avatar

Published

на

Неофицијално излезноста на предвремените парламентарни избори конечно можат да се видат на веб-страницата на Државната изборна комисија. Според овие податоци излезноста на овие избори била 51,34 отсто од гласачите. Гласале 931.369 граѓани.

Неофицијално владејачката коалиција на СДСМ „Можеме“ освоила најмногу гласови и 46 пратенички места.  СДСМ освоила 327.329 гласови, по што следи коалицијата на опозициската ВМРО- ДПМНЕ „Обнова за Македонија“ со 315.344 гласови и 44 места во парламентот со 120 места.

Според резултатите кои вчера ги соопшти претседателтот на ДИК Оливер Деркоски, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ќе освојат по десет пратенички места во четвртата изборна единица.

Од Југоистокот, ВМРО ДПМНЕ ги добива пратениците: Дајанчо Евтимов од Василево, Ели Панова од Струмица, Здравко Трајанов од Радовиш, Ангелина Петкова од Гевгелија и  Јадранка Поцкова од Струмица.

Во превите десет на СДСМ,  влегуваат:  лидерот на партијата, Зоран Заев од Струмица, Марија Костадинова од Гевгелија, Костадин Костадинов од Струмица и Никола Чаракчиев од Радовиш.

Откако вчера беше усвоен заклучокот за конечните изборни резултати од предвремените парламентарни избори во Македонија, започнаа 48-часовните рокови за приговори за спроведувањето на изборите и за сумирањето на резултатите. На нив Државната изборна комисија ќе треба да одговори во рок од 72 часа.

Прочитај повеќе