Connect with us

Избори 2020

Заев денеска во посета на Радовиш: Повеќе инвестиции и нови работни места нудима во новата порграма

Виолета | Media Press

Published

on

Заев денеска во посета на Радовиш, оствари средба со бизнис секторот и со останати граѓани. „Повеќе инвестиции и нови работни места нудима во новата порграма. Новата македонска економија обезбедува уште повеќе пари назад кај граѓаните и компаниите! Во следниот мандат вкупно 600 милиони евра ќе се насочат кон домашните компании и странските директни инвестиции“, истакна претседателот на СДСМ и носител на кандидатската листа на пратеници во ИЕ 4, Зоран Заев, при денешната посета на Радовиш.

Тој оствари средба со бизнис секторот, со младите, со спортистите и со останати граѓани

прикажи повеќе
Advertisement

Избори 2020

ССНМ: Апел за заштита на новинарите и медиумските работници за време на изборниот процес

Виолета | Media Press

Published

on

Со оглед на комплицираната ситуација поради коронавирусот, како и строгите протоколи кои ќе се применуваат на денот на гласањето, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги повикува Државната изборна комисија, политичките партии, како и сите надлежни институции да обрнат внимание на заштита на здравјето на новинарите и медиумските работници .

ССНМ посебно изразува загриженост за начинот на кој ќе се спроведе известувањето, односно покривањето од страна на медиумите на чинот на гласањето на високите партиски функционери, кои традиционално предизвикуваат големо внимание .

„Од досегашното искуство при гласање на одреден политичар во гласачкото место влегувале над 15 сниматели и фоторепортери, што имајќи го предвид протоколот за гласање (најмногу двајца гласачи истовремено), како и големината на просторот каде што се гласа, претставува ризик како за медиумските работници, така и за претставниците на избирачките одбори и набљудувачите .

Затоа повикуваме навремено да се разгледаат овие потенцијално проблематични ситуации и да се донесат правила и протоколи според кои јавноста нема да остане неинформирана, снимателите и фоторепортерите ќе си ја завршат непречено својата работа, а притоа и здравјето на сите инволвирани ќе биде максимално заштитено .

Истовремено ги повикуваме медиумските работници максимално да ги почитуваат правилата и протоколите за заштита додека ги извршуваат своите работни задачи .

Апелираме до ДИК и другите надлежни институции да им овозможат на новинарите и медиумските работници безбедно да можат да си  ја вршат работата на денот на изборите“, стои во соопштението од ССНМ.

Continue Reading

Избори 2020

697 болни од Ковид-19 и лица во самоизолација се пријавиле во ДИК за гласање на изборите

Виолета | Media Press

Published

on

За гласање на парламентарните избори до синиќа на полноќ во ДИК се пријавиле вкупно 697 болни од Ковид-19 и лица во самоизолација. За гласање се пријавиле и 9.020 немоќни лица и хронично болни.

Лицата кои се во домашен карантин заради позитивен тест на КОВИД-19 и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат, ќе гласаат на 13 јули во нивните домови. Немоќните и хронично болните ќе гласаат на 14 јули.

Лицата чии резултати ќе бидат позитивни после 8 јули или ќе бидат ставени во самоизолација по овој датум, нема да може да се пријават за гласање.

Се уште трае пријавувањето за гласање на лицата во домашен притвор. Рокот за тоа завршува на 11 јули.

На изборниот ден, на 15 јули, избирачките места ќе бидат отворени во 7 часот, а гласањето ќе трае до 21 часот, два часа подолго од вообичаеното на претходните избори кога гласачките места се затвораа во 19 часот. 

Право на глас на изборите ќе имаат 1.814.263 гласачи

Лица кои се иселиле или работат во странство во посебните избирачки списоци се запишани 83.054 гласачи. Во посебниот избирачки список за лицата во затвор и во притвор се запишани 1.657 гласачи, во старските домови 357 и шест лица се водат како внатрешно раселени лица.

Continue Reading

Избори 2020

Со маска, средство за дезинфекција и дистанца, ДИК со герила акција во Скопје, повика на безбедно гласање

Виолета | Media Press

Published

on

„Караванот на Државната изборна комисија денеска беше во скопските општини Сарај, Шуто Оризари, Чаир и на плоштад „Македонија“ во центарот на Скопје со нивната герила акција. ДИК повика на безбедно гласање со делење на едукативните брошури кои што во нив содржат маска и средство за дезинфекција, како и насоки за тоа како може безбедно да се гласа на претстојните Предвремени парламентарни избори.

Флаерите на ДИК содржат упатства за заштита од корона вирусот во текот на гласањето, па затоа интересот за материјалите од страна на граѓаните беше голем. Низ општините Гази Баба, Шуто Оризари, Сарај и на плоштадот „Македонија“ многумина од граѓаните заинтересирано ги прифаќаа материјалите кои што ги делеше Државната изборна комисија. Поставени беа и големите поставки, големото стаклено ѕвоно и гелот за дезинфекција со цел да се приближат пораките за безбедно гласање до гласачите“, информираат од ДИК.

Continue Reading
Advertisement