Connect with us

Македонија

Минимално поскапување од половина денар на сите горива

Александар | Media Press

Published

on

Цената на горивата од вечерва на полноќ се зголемуваат за половина денар по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика на денешната одржана седница. Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,05 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61 денар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 63, ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) за 52,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 52 денара за литар.

Во истата одлука се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС за  0,428 денари за килограм и ќе изнесува 25,824 денари за килограм.

Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од Ррегулаторна Комисија за Енергетика ги посочуваат зголемувањето на референтните цени на бензинот во просек за околу 2,574% и за околу 1,568% кај дизелот во последните седум дена, како и за 0,175 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот односно 54,8693 денари за долар изминатиот период по кои беа формирани цените од претходната пресметка . 

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат до следната седница која е закажана за следниот понеделник.

Економија

Работодавачите во медиумите можат да аплицираат за субвенционирање на придонесите на платите на вработените

Виолета | Media Press

Published

on

Управата за јавни приходи соопшти дека работодавачите во  медиумите можат да аплицираат за субвенционирање на придонесите на платите на вработените.

„За  секој осигуреник за месец јуни, јули и август 2020 година му  се субвенционира 100% од износот за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување согласно „Уредбата со законска сила за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во медиуми“, стои во соопштението.

За остварување на правото за субвенционирање, работодавачот- медиум, додаваат од УЈП треба да пополни и поднесе  комплетно Барање за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување (образец БС-ПЗСОМ) во Месечната пресметка за интергрирана наплата (МПИН образец) за осигуреникот за кој бара субвенционирање.

Continue Reading

Избори 2020

Мираковска пред пензионарите во Радовиш: Планираме да ја покачиме минималната пензија

Виолета | Media Press

Published

on

Носителот на листа во ИЕ 4 од СДСМ и коалицијата, Соња Мираковска денеска беше во посета на Општина Радовиш. Заедно со кандидатот за пратеник  од Радовиш Коле Чаракчиев, ја претстави програмата пред пензионрите од општината, притоа давајќи акцент на тоа што планираат за пензионерите но и за останатите граѓани, за подобрување на стандардот.

Continue Reading

Здравје

За 24 часа 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи

Виолета | Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на Ковид-19. Новозаразените се најголем број во Скопје -26, Куманово 4, Штип 17, Тетово 9, Струга и Пробиштип по 3, Гостивар и Свети Николе по 5, Битола, Дебар, Охрид, Крива Паланка, Кочани и Виница по .

Починати се 5 лица од вирусот во последното деноноќие. Тројца од пациенти  се од Скопје, еден од Куманово и еден пациент е од Струга.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица.

До сега во Македонија се направени вкупно 68.059 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7124, бројката на оздравени пациенти е 3199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3579

Continue Reading