Connect with us

Македонија

Важноста на дозволите за престој во државата на странски државјани, се продолжува до 31 август

Виолета | Media Press

Published

on

На 22 јуни 2020 година е донесена нова Уредба со законска сила за изменување на Уредбата за примена на Законот за странци за време на вонредна состојба, со која се продолжува рокот на важноста на дозволите за привремен престој и на дозволите за постојан престој, чиј рок на важност истекол или истекува како за време на вонредна состојба, така и по завршување на вонредната состојба. Со ова, важноста на дозволите за престој се продолжува и по завршување на вонредната состојба, до 31 август 2020 година.

„Им укажуваме на странците, во нареден период да го следат развојот на ситуацијата со нормализирање на патничкиот сообраќај и по создавањето на условите за патување, доколку имаат потреба, да пристапат кон постапки за регулирање престој, согласно одредбите од Законот за странци“, информираат од МВР.

Економија

Работодавачите во медиумите можат да аплицираат за субвенционирање на придонесите на платите на вработените

Виолета | Media Press

Published

on

Управата за јавни приходи соопшти дека работодавачите во  медиумите можат да аплицираат за субвенционирање на придонесите на платите на вработените.

„За  секој осигуреник за месец јуни, јули и август 2020 година му  се субвенционира 100% од износот за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување согласно „Уредбата со законска сила за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во медиуми“, стои во соопштението.

За остварување на правото за субвенционирање, работодавачот- медиум, додаваат од УЈП треба да пополни и поднесе  комплетно Барање за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување (образец БС-ПЗСОМ) во Месечната пресметка за интергрирана наплата (МПИН образец) за осигуреникот за кој бара субвенционирање.

Continue Reading

Избори 2020

Мираковска пред пензионарите во Радовиш: Планираме да ја покачиме минималната пензија

Виолета | Media Press

Published

on

Носителот на листа во ИЕ 4 од СДСМ и коалицијата, Соња Мираковска денеска беше во посета на Општина Радовиш. Заедно со кандидатот за пратеник  од Радовиш Коле Чаракчиев, ја претстави програмата пред пензионрите од општината, притоа давајќи акцент на тоа што планираат за пензионерите но и за останатите граѓани, за подобрување на стандардот.

Continue Reading

Здравје

За 24 часа 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи

Виолета | Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на Ковид-19. Новозаразените се најголем број во Скопје -26, Куманово 4, Штип 17, Тетово 9, Струга и Пробиштип по 3, Гостивар и Свети Николе по 5, Битола, Дебар, Охрид, Крива Паланка, Кочани и Виница по .

Починати се 5 лица од вирусот во последното деноноќие. Тројца од пациенти  се од Скопје, еден од Куманово и еден пациент е од Струга.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица.

До сега во Македонија се направени вкупно 68.059 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7124, бројката на оздравени пациенти е 3199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3579

Continue Reading