Connect with us

Економија

Опфатени преку еден милион граѓани со МСИП – Проектот за подобрување на општински услуги

Александар | Media Press

Published

on

„Изминатава година преку 1.000.000 граѓани беа опфатени со МСИП – Проектот за подобрување на општински услуги. “ – Напиша министерката за Финансии, Нина Ангеловска на својата официјална фејсбук страница

Со проектот се финансираа капитални инвестиции во општините со цел да се подобри животот во нив, а истиот се спроведува од Министерство за финансии со поддршка од World Bank Republic of North Macedonia

Изминатите 12 месеци со проектот е започната или завршена изградба/реконструкција или набавка на:
– училишта во Гевгелија, Велес и Липково,
– градинки во: Центар, Кисела Вода и Гостивар
– детско игралиште и скејт парк во Ѓорче Петров и Илинден
– дом на култура во Демир Капија
– водоводи и канализација Кривогаштани и Гевгелија
– локални улици и патишта во Желино, Сопиште, Карпош, Радовиш, Демир Хисар, Кисела Вода, Шуто Оризари, Кавадарци, Василево, Кочани, Ѓорче Петров и Битола.
– механизација, општински возила и друга општинска инфраструктура во: Скопје, Демир Хисар, Василево, Крушево, Кривогаштани, Гостивар, Бутел, Дојран, Зрновци, Свети Николе, Охрид, Маврово и Ростуше, Делчево, Дебрца, Шуто Оризари, Чешиново и Облешево, Брвеница, Битола, Ново Село, Сопиште, Карпош, Кратово и Боговиње

Целта на МСИП е преку подобрување на општинските услуги во сите општини во земјава, да се подобрат условите за живеење на граѓаните 

Економија

МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита од денес за корисниците со картички, на шалтерите на банките од понеделник

Александар | Media Press

Published

on

Исплатата на паричните права од социјална и детска заштита за месец јуни ќе почне од денес, 3 јули, за корисниците со дебитна картичка а од понеделник,6 јули, за корисниците кои средствата ги подигнуваат во експозитурите и филијалите на банките.

Министерството за труд и социјална политика ги известува корисниците на права на парична помош од социјална и детска заштита дека и овој месец ќе изврши етапна исплатата на гарантирана минимална помош, надоместок заради попреченост, надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок на плата за скратено работно време, додаток за домување и на траен надоместок.

Исплатата ќе се спроведе во 3 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето:
–   6 јули (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
–   7 јули (вторник) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
–   8 јули (среда) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Корисниците кои имаат дебитна картичка  поврзана со трансакциската сметка на која се исплаќаат правата од социјална и детска заштита, ќе можат паричните средства да ги подигнат на банкоматите на банките, да ги користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од денеска, петок, 3 јули.

Етапната исплата на паричните права од социјална и детска заштита се прави со цел да се избегне метежот пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на овие права во услови на опасност од вирусот КОВИД-19.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење лична заштита заради спречување на ширење на коронавирусот. Сите кои ќе подигнуваат пари од банкомати или од филијалите и експозитурите набанките, се должни да носат заштитна маска што ги покрива носот и устата и да одржуваат физичко растојание од два метра.

Continue Reading

Економија

УЈП во август ќе им исплаќа поврат на ДДВ на купувачите

Александар | Media Press

Published

on


Управата за јавни приходи известува на 30.06.2020 година се заокружи второто тримесечје од 2020 година за поврат на ДДВ кај физичките лица.

Во ова тримесечје за април, мај и јуни 2020 регистрирани се нови 24.974 корисници на апликацијата мој ДДВ, а скенирани се вкупно 41.650.814 фискални сметки, направен промет од 21.414.380.426,00 денари, а вкупниот поврат изнесува 334.556.243 денари односно 5.440.000 евра.

Повратот на 15% од искажаниот промет во фискалната сметка, кај граѓаните за ова тримесечје ќе започне да се исплаќа во август 2020 година.

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да ги ажурираат податоците наведени во апликацијата со што би овозможиле редовна исплата на повратот.

Граѓаните кои имале погрешно наведени податоци а во меѓувреме ги коригирале односно ги навеле точните податоци ќе им се исплати повратот за целиот период на скенирање.

Continue Reading

Економија

Од денеска можат да се поплнуват барањата за поддршка на плата за месец јуни

Виолета | Media Press

Published

on

Работодавачите и самостојните вршители на дејност од денеска можат да ги пополнуваат барањата за поддршка од Владата за месец јуни кој е поставен на системот е-даноци и ЕПДД на УЈП.

Согласно  измените и дополнувањето на Уредбите со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите и самостојните вршители на дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, компаниите и самостојните вршители на дејност мерката 14.500 може да ја користат и во јуни 2020 година.

„За таа цел УЈП ги изготви и постави на системот е-Даноци  Образецот -БФП-ИП/1 со кои се побарува финансиската поддршка за исплата на плати за месец јуни 2020 за компании, и  го изготви и постави на системот Е-ПДД – Образецот БФС-СВД/1 со кое се побарува финансиската поддршка за исплата на плати за месец јуни 2020 за самостојните вршители на дејност“, соопшти УЈП.

Според податоците на УЈП  мерката за финансиска поддршка во месец април  ја користеле вкупно 19.696 работодавачи,  односно 5.707 самостојни вршители на дејност, додека во мај истата мерка ја користеле вкупно 19.730 работодавачи, односно 5.814 самостојни вршители на дејност .

Continue Reading