Connect with us

Радовиш

Во близина на Радовиш пронајдени 17 мигранти од страна на полицијата

Александар | Media Press

Published

on

Синоќа кај клучката а Радовиш биле пронајдени 17 лица мигранти.

Двајца биле од Пакистан, еден од Сомалија, пет од Иран и девет лица од Авганистан. Во близина исто така е пронајден и автомобилот со кој биле превезувани. Се работи за патничко возило Рено Лагуна со тетовски регистарски ознаки.

„На 26.06.2020 околу 21.00 часот под надвозникот на магистралниот пат Струмица – Штип, кај клучката за Радовиш, од полициски службеници од Полициската станица Радовиш биле пронајдени 17 лица-мигранти, од кои двајца од Пакистан, еден од Сомалија, пет од Иран и девет од Авганистан.

Во близина од надвозникот, покрај патот за Радовиш, било пронајдено и патничко возило „рено лагуна“, со тетовски регистарски ознаки, за кое пронајдените мигранти изјавиле дека биле истоварени од него. По наредба на Јавен обвинител мигрантите се предадени во Привремениот транзитен центар Винојуг-Гевгелија за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.“ – Стои во официјалните информации од МВР

Радовиш

Избрани најталентираните ученици корисници на стипендијата Солвеј, преку рудникот Бучим

Виолета | Media Press

Published

on

Победниците кои што беа дел од програмата за стипендирање на талентирани ученици на компнаијата Солвеј, преку рудникот Бучим од Радовиш во 2020 се, Тамара Велкова од Радовиш и Драган Петров од Конче.

На Мила Ангелова од Радовиш, како признание за нејзините импресивни достигнувања и е доделен интензивен курс по англиски јазик.

Годинава, 17 апликанти беа примени во првата фаза од Северна Македонија, од кои  11 го продолжија и успешно го завршија курсот по англиски јазик и се здобија со сертификати за познавање на англиски јазик.

Оваа година и покрај пандемијата од Корона вирусот, образовната стипендиска програма организирана од Солвеј се одржа непрекинато. Организаторите на програмата ја продолжија наставата онлајн и ја прилагодија програмата согласно новонастанатите услови, за да можат да ги исполнат дадените ветувања на учесниците.

Учесниците покажаа изворедна посветеност во процесот на изучување на англискиот јазик, ги почитуваа сите упатства за изборниот процес и доставија прекрасни видео изведби. Присуствуваа редовно на часовите и сите кандидати значително ги подобрија своите јазични вештини.

„Летниот Салцбуршки оперски камп е откажан, но сепак Салцбуршкиот фестивал и Солвеј, ќе им организираат на победниците бесплатно патување во Салцбург. Организаторите на програмата мораа да пронајдат најдобар начин за исполнување на своите ветувања, бидејќи летниот оперскиот камп нема да биде организиран заради ограничувањата со патувањето. Се направи посебна, редизајнирана програма, за стипендистите на Солвеј, која ќе им овозможи на младите љубопитни таленти интеграција во широкиот спектар на професии што ги нудат оперските куќи ширум светот. За време на нивната посета на Салцбург, покрај посетите на пробите и обуките, победниците ќе имаат можност да бидат дел работилници организирани од Салцбуршкиот фестивалот, во кои професионални театарски занаетчии ќе им ја покажат производната страна на оперската магија на младите таленти. Патувањето во моментов е планирано за јануари 2021 година“, рече заменик генералниот директор на рудникот Бучим Николајчо Николов.

Тамара Велкова и Драган Петров од Македонија, заедно со другите победници од Украина и Гватемала, ќе имаат можност за едно незаборавно искуство.

Continue Reading

Избори 2020

Двајцата кандидати за пратеници од Радовиш, Чаракчиев и Трајанов и денеска со предизборни активности

Виолета | Media Press

Published

on

Кандидатите за пратеници од Радовиш од двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ и денеска со предизборни активности. Кандидатот за пратеник од СДСМ и коалицијата Можеме, Коле Чаракчиев го искористи денешниот  пазарен ден во Радовиш и денот го помина во разговор со граѓаните.

Кандидатото за пратеник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Обнова за Македонија на манастирот Свети Ѓеоргиј во Ораовица, оствари средба со  Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ Радовиш.

Continue Reading

Радовиш

Санирани пешачките патеки на 4 мостови во Радовиш, изградени се и пристапни рампи за инвалидизирани лица

Виолета | Media Press

Published

on

Извршена е санација на  пешачките ленти на 4 мостови во Радовиш, кои беа во незавидна состојба. Изградени се и пристапни патеки на мостовите како и на неколку места на тротоарот покрај кејот на Радовишка река. Конечно на лицата со телесен инвалидитет кои користат инвалидска количка како помагало за да се движат, како и на младите мајки со бебешки колички, им  олеснет пристапот до мостовите како и  движењето по тротоарот. Од високите рабници на тротоарите тие не можаа да пристапат на пешачките зони.

Исовремено беше извршено целосно асфалтирање на мостот кај Здравствениот дом  во Радовиш на кој при  секое врнежливо време се собираше вода. Овие активности се во рамките на програмата за тековно одржување на улиците и пешачките патеки во Радовиш. Извршено и обележување на хоризонталната  сигнализација на бул. Александар Македонски, на кој пред 10-тина дена  беше асфалтирана и втората лента.

Continue Reading