Connect with us

Избори 2020

Трет ден од изборната кампања за предвремените парламентарни избори 2020

Виолета | Media Press

Published

on

Партиите продолжуваат со своите активности, кои се одвиваат со посета на градовите и на населените места во земјата, почитувајќи ги мерките за заштита од коронавирусот, но паралалено и на социјалните мрежи и медиумите.

Лидерите се обраќаат на централните настани, додека носителите на кандидатските листи по изборни единици најчесто се обраќаат преку прес конференции.

Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ според официјалната агенда денеска во 19 часот ќе има настан во Тетово, а потоа во 20:30 часот во скопски Аеродром.

„Ќе одржиме економски лекции и на Мицкоски и на неговите економски кадри, но и лекции на регионот. Затоа што имаме потенцијал, одлична географска поставеност, работлив народ, луѓе кои не се штедат само бараат фер-шанса чесно да заработат. Но и затоа што сега имаме пријатели, а не непријатели, и затоа што не почитува целиот свет“, рече меѓудругото лидерот на СДСМ Зоран Заев на предизборната трибина одржана синоќа во Охрид.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициски партнери вчера имаа средба со граѓаните во Струга и Ресен. Лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски од Струга рече дека благодарение на погрешните политики на ова раководство на СДСМ, државата  бележи рекорди по број на заболени и луѓе кои, за жал, го губат својот живот и оти токму затоа сега е најпотребно заедно сите да се исправиме бидејќи само така можеме да ја обновиме Македонија.

Синоќа од Ресен Мицкоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на заштита на националното достоинство и враќање на националната гордост.

„Секој кој го негира правото на нашиот мајчин јазик треба да знае дека нема за милиметар да попуштиме од тоа што се избориле нашите предци“; рече Мицкоски.

Тој  посочи дека после 15 јули,  ВМРО-ДПМНЕ најпрво економски ќе ја обнови државата, а потоа ќе следи обнова на Македонија во секој поглед.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициски партнери денеска ќе имаат средби со граѓани и обраќања во Демир Капија (17:00), во Неготино (18:30) и во Кавадарци (20:30).

Политичката платформа Македонски концепт ќе биде во посета на Изборната единица 3 и тоа во Велес (10:00), во Штип (13:00) и во Берово (16:30).Караванот на Македонски концепт вчера ги посети општините од втората изборна единица, Ѓорче Петров, Гази Баба и Куманово.

Избори 2020

Мираковска пред пензионарите во Радовиш: Планираме да ја покачиме минималната пензија

Виолета | Media Press

Published

on

Носителот на листа во ИЕ 4 од СДСМ и коалицијата, Соња Мираковска денеска беше во посета на Општина Радовиш. Заедно со кандидатот за пратеник  од Радовиш Коле Чаракчиев, ја претстави програмата пред пензионрите од општината, притоа давајќи акцент на тоа што планираат за пензионерите но и за останатите граѓани, за подобрување на стандардот.

Continue Reading

Избори 2020

Левица отвори канцеларија во Гевгелија

Виолета | Media Press

Published

on

Левица синоќа ја отвори својата 12та канцеларија, овојпат во Гевгелија.  На настанот свое обраќање имаше  претседателот на партијата, Димитар Апасиев, како и на носителот на кандидатската листа во ИЕ 4, Бранко Ристов.

 „Левица почна и сеуште делува „партизански“, се сеќавам на разговорот со Заев во Шарената револуција кога се обиде да не подмити, -еве вие ќе станете пратеници“ рече  меѓудругото Апасиев, пред присутните.

Continue Reading

Избори 2020

Глас за Македонија реагира на дискриминирачкиот однос на медиумите кон помалите политички партии

Виолета | Media Press

Published

on

Глас за Македонија,  на прес конференција реагира за нерамномерност и дискриминирачки однос на медиумите на помалите политички партии во отстапување на простор за себе претставување и дебатни емисии.  На овој начин нема никаков допир на овие партии со оние од власта и опозицијата.

Глас за Мекедонија повикува на отворена дебата на сите 14 политички субјекти и по познатиот принцип на едно прашање одговор од сите.

Continue Reading