Connect with us

Здравје

ДСЗИ го запре извршувањето на сите решенија за изолација и самоизилација

Виолета | Media Press

Published

on

Сите дејствија по решенијата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за периодот 13.06.2020 – 25.06.2020 година за лица под здравствен надзор и домашна изолација и лица во државен карантин се поништуваат.

„Главниот координативен кризен штаб достави барање до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со престанокот на важноста на издадените решенија за домашна изолација за лицата кои се вратиле во Република Северна Македонија со негативен ПЦР тест на КОВИД-19. Денеска (25.06.2020 година), Државниот санитарен и здравствен инспекторат, согласно член 136 став 1 алинеја 4 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 124/15 и 65/18) донесе Одлука со која го запира извршувањето на сите негови решенија донесени во периодот од 13.06.2020 година до 25.06.2020 година за ставање на лица под здравствен надзор и домашна изолација кои влегле во Република Северна Македонија со негативен ПЦР тест на КОВИД-19 и потпишана изјава, како и решенијата издадени за лица кои се ослободуваат од државен карантин со негативен ПЦР тест на КОВИД-19, по нивното враќање во Република Северна Македонија, од земја со висок/среден ризик за КОВИД-19, а спроведените дејствија по истите решенија се поништуваат.

Одлуката, согласно Закон, ќе биде објавена во „Слободен печат“ во текот на два последователни дена почнувајќи од 26.06.2020 год., а потоа и еднократно во „Службен весник на Република Северна Македонија“ стои во соопштенито.

Здравје

За 24 часа 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи

Виолета | Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на Ковид-19. Новозаразените се најголем број во Скопје -26, Куманово 4, Штип 17, Тетово 9, Струга и Пробиштип по 3, Гостивар и Свети Николе по 5, Битола, Дебар, Охрид, Крива Паланка, Кочани и Виница по .

Починати се 5 лица од вирусот во последното деноноќие. Тројца од пациенти  се од Скопје, еден од Куманово и еден пациент е од Струга.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица.

До сега во Македонија се направени вкупно 68.059 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7124, бројката на оздравени пациенти е 3199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3579

Continue Reading

Здравје

173 нови случаи на Ковид-19, 4 нови случаи во јогоисточниот регион, 15 починати лица

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-75, Куманово-9, Дебар-6, Штип-8, Прилеп-6, Тетово-9, Струга-14, Велес-3, Охрид-10, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-2, Струмица-1, Крушево-1, Кочани-4, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Свети Николе-6, Кичево-3, Ресен-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 150 оздравени пациенти од: Скопје-105, Куманово-1, Штип-7, Тетово-12, Струга-10, Велес-1, Охрид-4, Гостивар-1, Струмица-1, Кочани-5, Пробиштип-1, Неготино-2.

Починати се 15 лица, осум од Скопје, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден пациент од Охрид и двајца од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 лица, на возраст 64,73 и 80 години.

Во ГОБ „8 септември“ починати се 9 лица, двајца пациенти на возраст од 54 години, останатите на возраст од 60, 61, 75, 45, 74, 57 и 65 години.

Две лица од Скопје и Гостивар се починати дома на возраст од 65 односно 82 години. Во болница во Струга е почината пациентка на 67 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6625, бројката на оздравени пациенти е 2748, на починати е 321, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3556.

Continue Reading

Здравје

Се уште висок број на заболени од Ковид -19, 132 нови случаи за 24 часа, двоцифрен број и на починати лица

Виолета | Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 868 тестирања, а регистрирани се 132 нови случаи на ковид-19 во: Најголем број од нив се од Скопје 57, -Тетово 19, -Штип 13 , -Куманово 10, -Прилеп 7, -Гостивар 6, -Охрид 5, -Велес 4, -Струга 3, -Пробиштип и Свети Николе по 2, -Дебар, Битола, Кавадарци и Ресен по 1

Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Штип, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден од Велес и еден пациент од Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира оздравени 112 пациенти од:

-Скопје 42
-Штип 40
-Прилеп 1
-Тетово 16
-Велес 1
-Гостивар 5
-Кочани 2
-Пробиштип 3
-Свети Николе 2

Досега во земјата се направени вкупно 59.633 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Continue Reading