Радовиш
ППК Радовиш ја заврши сезоната на петто место на табелата, во тек е регистрацијата на тимовите за идната сезона
Објавено на
Од
Media Press
Поради вонредната состојба предизвикана од Ковид-19 вирусот на вонредното Собрание на клубовите на ППФСМ е донесена одлука доколу не се создадат услови за продолжување на првенството и негово завршување до 5 Јули, првенството за натпреварувачката 2019/20 сезона да се прекине. Нашиот тим „ППК Радовиш“ го заврши натпреварувањето на 5-то место.
Одлуката за наредната натпреварувачка сезона 2020/21 година е Супер Лигата да брои 10 клуба со што нашиот клуб и следната сезона ќе се натпреварува во најквалитетната лига во нашата земја т.е Супер Лигата.

Следната натпреварувачка сезона поради поголемиот број на екипи кои учествуваат допринесува за интересно првенство во борбата за што подобар пласман на прволигашката табела.
Обврски на клубовите пред почетокот на сезоната 2020/21
- Клубовите од Супер и прва лига имаат обврска своето учество во лигите да го потврдат до 30 Јуни 2020 година.
- Клубовите од Супер и прва лига во своите екипи мораат да имаат регистрирано играч помлад од 21 година, кој ќе треба да одигра 60% од натпреварите во првиот состав на екипата во текот на првенството.(поради техничка грешка во претходниот допис беше спомната само супер лига)
- Преодниот рок е во периодот од 1 до 25 Август.
- Сите клубови имаат обрска да достават ажурирани податоци за лице за контакт со федерацијата, Име и презиме, телефонски број и е-маил адреса, секој клуб можи да достави најмногу два контакти. Рокот за исполнување на оваа обврска е до 15 Август.
- Сите клубови имаат обврска да достават податоци за големина на спортска опрема од сите свои членови, со уредно пополнет образец кој на клубовите им е испратен по е-маил Пополнувате само ИД број, сите големини се внесуваат со клик, паѓачка листа. Рокот за доставување на овие податоци е до 25 Август.

Поврзани содржини

Пандев: Докажавте дека сте нефудбалски луѓе, спремен сум да се тргнам настрана ако клубовите не одлучуваат во ФФМ

Порази во двете кола од Супер лигата за пинг понг клубот од Радовиш

Извлечени групите за Прва Лига – Мажи и редните броеви за Супер Лига – Жени

РК Радовиш ќе се соочи со Струмички Астраион во првото коло од ракометната Супер Лига

Автомобилизмот веројатно ќе биде единствениот македонски спорт кој ќе биде активен летово

Одиграни 9-то и 10-то коло од Супер Лигата во пинг понг
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
