Connect with us

Радовиш

Кожена јакна во канализација е причина за застој на препумната станица од колекторот за фекални води од населбата Раклиш

Avatar

Published

на

Фрлена кожена јакна во канализација е причината за застој на препумната станица од колекторот за фекални води од населбата Раклиш кон пречистителната станица и поради што ЈП Плаваја од Радовиш апелира и ги замолува граѓаните одговорно да се однесуваат и да не фрлаат секеков вид на отпадоци во фекалната канализација, бидејќи доаѓа до запушување на истата а со тоа и до поголем проблем од кој пак најмногу страдаат граѓаните.

Во апелот се вели:

„Многу пати до сега апелираме во фекалната канализација да не се фрлаат предмети, најлони и останати материјали кои доведуваат до запушување на цевководите и нанесуваат штети како на нас како претпријатие така и на околината каде се излева фекалната вода.
Денес настана застој на препумната станица од колекторот за фекални води од населбата Раклиш кон пречистителната станица.
Тоа што беше причина за застојот е кожена јакна која беше вшмукана делумно од пумпата.
Ова само зборува за тоа колку сме некултурни и неодговорни кон се она што значи општествено добро.
Пред околу 50 години се почнало со градба на фекалната канализација на територијата на нашата општина имало многу запушувања, некои од нив и намерни, но ваква „инвентивност“ во наоѓање на начини за запушување на фекалниот цевковод од Раклиш до пумпната станица не е забележана на друго место.
Во оваа прилика сакаме да упатиме порака до жителите на населба Раклиш да се однесуваат одговорно и кон инфраструктурата и кон животната средина.
Кожената јакна е во пречистителната станица, не е оштетена и го известуваме сопственикот дека може да отиде и да си ја подигне, а доколку не му е потребна, наместо да ја фрла во канализациониот систем, истата може да ја донира на некој кој нема облека, лично или преку невладините организации кои се грижат за таква категорија на граѓани“ стои во апелот од ЈП Плаваја.

Радовиш

Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна

Avatar

Published

на

Долгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.

Прочитај повеќе

Радовиш

Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш

Avatar

Published

на

Изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.

Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.

Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.

Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.

Прочитај повеќе

Радовиш

Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.

Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.

Прочитај повеќе