Connect with us

Радовиш

ППК Радовиш ја заврши сезоната на петто место на табелата, во тек е регистрацијата на тимовите за идната сезона

Media Press

Published

на

Поради вонредната состојба предизвикана од Ковид-19 вирусот на вонредното Собрание на клубовите на ППФСМ е донесена одлука доколу не се создадат услови за продолжување на првенството и негово завршување до 5 Јули, првенството за натпреварувачката 2019/20 сезона да се прекине. Нашиот тим „ППК Радовиш“ го заврши натпреварувањето на 5-то место.

Одлуката за наредната натпреварувачка сезона 2020/21 година е Супер Лигата да брои 10 клуба со што нашиот клуб и следната сезона ќе се натпреварува во најквалитетната лига во нашата земја т.е Супер Лигата.

Следната натпреварувачка сезона поради поголемиот број на екипи кои учествуваат допринесува за интересно првенство во борбата за што подобар пласман на прволигашката табела.

Обврски на клубовите пред почетокот на сезоната 2020/21

  • Клубовите од Супер и прва лига имаат обврска своето учество во лигите да го потврдат до 30 Јуни 2020 година.
  • Клубовите од Супер и прва лига во своите екипи мораат да имаат регистрирано играч помлад од 21 година, кој ќе треба да одигра 60% од натпреварите во првиот состав на екипата во текот на првенството.(поради техничка грешка во претходниот допис беше спомната само супер лига)
  • Преодниот рок е во периодот од 1 до 25 Август.
  • Сите клубови имаат обрска да достават ажурирани податоци за лице за контакт со федерацијата, Име и презиме, телефонски број и е-маил адреса, секој клуб можи да достави најмногу два контакти. Рокот за исполнување на оваа обврска е до 15 Август.
  • Сите клубови имаат обврска да достават податоци за големина на спортска опрема од сите свои членови, со уредно пополнет образец кој на клубовите им е испратен по е-маил Пополнувате само ИД број, сите големини се внесуваат со клик, паѓачка листа. Рокот за доставување на овие податоци е до 25 Август.

Радовиш

Чаракчиев: И покрај пандемијата со Ковид – 19, Владата во изминатиот период инвестираше најмногу во здравството

Media Press

Published

на

И покрај пандемијата со Ковид – 19 Владата во изминатиот период инвестираше најмногу во здравството,  рече пратеникот  и претстедател на  ОО на СДСМ  од Радовиш Коле Чаракчиев, на денешната прес конференција. Тој спомна дел од мерките кои ги реалзира владата во

„Владата инвестираше како во човечки капитал така и во ресурси , инфраструктура и опрема, Специјализации заклучно со 2022 година ке добијат некаде околу 930 лица, во исто време е зголемена капитацијата на матичните лекари“, рече меѓудругото Чаракчиев.

Прочитај повеќе

Радовиш

Во предизвикан пожар делумно изгореле викенд куќа и помошен објект во близина на река Сушица во Радовиш

Media Press

Published

на

Вчера околу 20.00 часот во Полициската станица Радовиш, Б.К.(36) од Радовиш пријавил дека настанал пожар во викенд куќа, сопственост на В.Б. лоцирана во близина на река Сушица, атар на Радовиш, во кој делумно изгореле викенд куќата и помошен објект.

По интервенција на екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а увид на местото извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Градоначалникот Конзулов со честитка до припадниците на Исламската вероисповед по повод празникот Курбан Бајрам

Media Press

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов упатува честитка до припадниците на Исламската вероисповед по повод празникот Курбан Бајрам, во која се вели:

„Почитувани сограѓани/ки, припадници на Исламската вероисповед, дозволете ми да Ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам во мое име и во името на Општина Радовиш. Ви посакувам пред сè добро здравје, спокојство и благосостојба во домот и семејството. Имајте среќни празнични денови. Бајрам шериф мубарек олсун!“ стои во честитката од градоначалникот Конзулов.

Прочитај повеќе