Connect with us

Македонија

Скоро 2 проценти зголемување на цените на горивата

Александар | Media Press

Published

on

Регулаторната комисија донесе одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт. Новите цени на горивата се зголемуваат во просек 1,98%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денари/литар, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 денар/литар, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло
за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 денари/литар и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 51,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 40,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,273 ден/кг и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 24,886 ден/кг.

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 54,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 57,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 47,00 (денари/литар
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 35,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 19,498 (денари/килограм)

Македонија

7 пациенти починале од корона вирус и 45 нови случаи биле регистрирани за 24 часа

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на коронавирус. Починале седум лица, а оздравеле 86 заболени. Вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 достигна 700.

Најголем број од новите случаи се од Скопје – 10 и Кочани – девет.

Пет случаи се потврдени во Тетово и Берово, по четири во Куманово и Гостивар, два нови случаи во Кичево и по еден во Штип, Прилеп, Крива Паланка, Радовиш, Пробиштип и Делчево.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти од: Скопје-24, Куманово-8, Дебар-4, Штип-1, Прилеп-6, Тетово-2, Струга-1, Битола-1, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-5, Крива Паланка-7, Радовиш-2, Кочани-2, Пробиштип-1, Пехчево-7, Виница-4, Свети Николе-1.

Починати се седум лица, двајца пациенти од Струмица (52 и 62г), еден од Дебар (54г), пациентка од Штип (53г), пациентка од Прилеп (66г), пациент од Кочани (66г) и еден пациент од Свети Николе (23г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.780, бројката на оздравени пациенти е 13.949, на починати е 700, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.131.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се четворица пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. Нема пациенти на респиратор.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се 39 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 150, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Continue Reading

Македонија

Денеска се празнува раѓањето на Пресвета Богородица или Мала Богородица

Виолета | Media Press

Published

on

Денеска православните верници го слават верскиот празник Мала Богородица или раѓањето на Пресвета Богородица.  кој секоја година се одбележува на 21 септември. По тој повод во црковниот храм Света Троица  о Радовиш беше одржана света божествена литургија во присуство на голем број верници.

Рождество на Пресвета Богородица или Мала Богородица — еден од 12 големи празници во православието кој го слави раѓањето на Богородица која е родена во Назарет од стари и бездетни родители, благочестиви Јоаким и Ана како одговор на нивните молитви. Според жотоето татко ѝ беше од племето Давидово, а мајка ѝ од родот Аронов. По татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца.

И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога. Постојано  Му се молеа на Бога со плач, да ги израдува во нивната старост и да им подари едно чедо.

Црквата го востановила овој празник поради посебното значење што го има пресвета Богородица, Култот на Пресвета Богородица има значајно место кај македонците. Многу цркви во Македонија се посветени на неа и го носат нејзиното име, а нејзините празници покрај со црковни свечености народот ги празнува и со народни собири, панаѓури и сл. што во минатото траеле и по неколку денови. Така, македонскиот народ, со повеќе или помалку свечености, но секогаш со достојно внимание прославува неколку празници поврзани со името на Пресвета Богородица: Мала и Голема Богородица, Воведение на Пресвета Богородица, (празник познат уште и под името Света Пречиста), Благовештение, Богородичин појас, Покров на Пресвета Богородица, Собор на Пресвета Богородица и др.

Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.

Continue Reading

Економија

Од вечерва на полноќ се зголемуваат цените на горивата

Виолета | Media Press

Published

on

Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека од вечерва ќе се зголемат цените на горивата.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 2.37%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат по два денари, па еден литар од овие горива ќе чини 60.50, односно 62.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за половина денар, и еден литар дизел ќе чини 49.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила од вечерва на полноќ.

Continue Reading