Македонија
Чулев за изминатиот продолжен викенд, ги презентира статистичките податоци но изрази и благодарност до полициските службеници
Објавено на
Од
Media Press
“Во текот на изминатите денови на територијата на целата држава се спроведуваше одлуката за ограничување на движењето на граѓаните. Согласно, одлуката донесена од страна на Владата истата беше концепирана со различен тип на ограничување кое важеше за различни групи на општини на територијата на државата. Одлука која, како што претходно напоменав, во многу сегменти имаше мани и недостатоци, но задача на Министерството за внатрешни работи е нејзино доследно спроведување, а обврска на граѓаните беше нејзино почитување“.
Ова, меѓу другот го истакна министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на почетокот од денешната прес конференција во МВР, а посветена на активностите на полициските службеници во спроведувањето на мерките за справување со епидемијата од “ковид-19“ во текот на изминатите три дена.
Притоа министерот Чулев пред презентирањето на статистичките показатели изрази задоволство и благодарност до полициските службеници за високото ниво на исполнителност и одговорност што го покажаа во текот на изминатиот продолжен викенд, како и до граѓаните за исто така високото ниво на свесност и совесност во почитувањето на мерките.
“Во текот на изминатите неколку денови, почнувајќи од четвртокот од 21 часот, заклучно до денес до 05 часот од страна на Министерството за внатрешни работи на територијата на целата држава констатирани се вкупно 622 непочитувања на одлуката на владата за ограничување на движењето, најголемиот дел од нив – 340 се констатирани на територијата на секторот за внатрешни работи во Скопје. Вкупно, до сега констатирани се 5397 прекршување на одлуките за ограничување на движењето на граѓаните од нејзиното воведување“, нагласи министерот Чулев.
Во однос на уредбата за задолжително користење на заштитна опрема, според презентираните бројки, констатирани се вкупно 1777 непочитувања на истата, најголемиот дел од нив на подрачјето на СВР Струмица каде што констатирани се 417 непочитувања и на подрачјето на СВР Охрид – 356. Вкупната бројка на констатирани непочитувања на оваа уредба до сега е 8.180 и за сите тие случаи како што посочи Чулев, се изготвени соодветни поднесоци.
Исто така полицијата во соработка со Драѓвниот пазарен инспекторат учествуваше во вкупно 1.543 контроли во угостителски објекти при што констатирани се вкупно 22 непочитувања: 18 на територијата на СВР Охрид и 4 при СВР Струмица. Истовремено, како што потенцираше министерот Чулев, во посчениот период издадени се вкупно 1648 решенија за изолација и потпишани се 584 изјави за самоизолација, а МВР извршило вкупно 8701 контрола по основ на самоизолација и на изолација.
“Бројките кои претходно ги споменав говорат за исклучително голем обем на работа и исклучително високата посветеност од страна на полициските службеници. И токму таа посветеност наместо да биде соодветно валоризирана многу често е злоупотребена во политички цели. Дозволете ми на денешната прес конференција да апелирам до јавноста, но и сите политички структури во државата да се воздржат од неосновани напади кои нанесуваат штета на полицијата“, нагласи Чулев.
Тој, покрај ова, изрази разбирање за револтот на граѓаните од одлуките со кои се ограничува нивното движење, притоа истакнувајќи дека граѓаните треба да се свесни оти сето тоа се прави со цел да се заштити нивното здравје. “Ваквите одлуки се носат од страна на комисија за заразни болести во која учествуваат стручни лица и доктори, а полициските службеници, односно Министерството за внатрешни работи имаат задача и обврска да го контролираат нивното спроведување“, нагласи министерот Чулев.
На крајот осврнувајќи се кон критиките односно нападите упатени до него, министерот Чулев истакна дека – “од првиот ден како Министер за внатрешни работи мојот став е дека МВР треба да функционира единствено врз принципите на професионалност, неселективност и законитост, затоа што тоа граѓаните го заслужуваат. И во суштина во изминатиот период тоа се покажа во пракса, во најголем дел успешно ги спроведовме одлуките на Владата, а со тоа го заштитивме здравјето на граѓаните. Грешки и пропусти има и тие се дел од работењето, но лошо е кога грешките се случуваат поради опструкции, несоработка и постапување по партиски директиви. Да бидам искрен исклучително тешко една моја идеја, замисла или директива да се спроведе во пракса, без да наидам на многу опструкции во Министерството за внатрешни работи, но и од страна на Владата“, рече Чулев.
Поврзани содржини

11 возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие – осум управувале без возачка дозвола, меѓу нив двајца од Радовиш

Засилени сообраќајни контроли за електрични тротинети, во август одземени 18 електрични тротинети

Сузбиена голема криминална група, ПРОНЕВЕРИЛЕ НАД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА

МВР предупредува за лажни пораки за сообраќајни прекршоци!

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe

МВР: Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица и уште четири лица за „несовесно работење во службата“

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

