Македонија
Скопје, Штип, Куманово и Тетово, се едни од најкритичните региони на заразата, 127 нови случаи на Ковид-19 во државата
Published
4 години agoна
By
Media PressВо Скопје има вкупно 653 активни случаи на КОВИД-19, од кои во Општина Чаир се 168, во Центар 64, во Бутел 63, Гази Баба 58, во Аеродром 57, Сарај 55, во Карпош 45, во Кисела Вода 35, и во Арачиново 23.
Во последните 24 часа се направени 702 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19.
– Скопје 67
– Штип 33
– Тетово 10
– Охрид 6
– Струга 5
– Кочани 2
– Пробиштип 2
– Куманово 1
– Дебар 1
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 70 години, хоспитализиран на 4 јуни и двајца од Скопје, пациент на возраст од 62 години, хоспитализиран од 5 јуни и пациент на возраст од 78 години, хоспитализиран на 2 јуни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 7 оздравени пациенти.- Скопје 4- Тетово 2- Гостивар 1
Досега во земјата се направени вкупно 37027 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 28 теста се во рамките на скринингот во градинки во Кочани, нема позитивни на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3152, бројката на оздравени пациенти е 1653, на починати е 156, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1343.
Скопје, вклучувајќи ги и Штип, Куманово и Тетово, се едни од најкритичните региони и се очекува Владата на денешната седница дали ќе врати дел од рестриктивните мерки, како што е полицискиот час.
Поврзани содржини
Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за казнетите во корона периодот
Нови 40 случаи на Ковид во Југоистокот во последните три дена
КЗБ:Нема нови рестриктивни мерки, да се почитуваат мерките кои се на сила
Расте бројот на Ковид- позитивни и во Радовиш, 13 нови случаи во денешната евиденција, во Струмица 47
Бројот на активни случаи на Ковид се искачи на 3.595, следува ли нов ковид-бран?
И според последните податоци има нови случаи на Ковид -19 во Радовиш
Македонија
Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш, за да можеме да победиме
Published
13 часа agoна
мај 13, 2024By
Media PressБорбата за правична и поубава Македонија за сите нас е Борбата што вреди! напиша претседателот на Левица Димитар Апасиев на социјалните мрежи, притоа заблагодарувајќи се на членовите и симпатизери на Левица и на сите граѓани кои им дадоа поддршка на одржаните избори.
„Како претседател на Левица, Ви пишувам со големо чувство на благодарност…
Нашиот успех на овие историски парламентарни Избори 2024 и освојувањето на шест мандати во Собранието на РМ е доказ за неумоливоста и вербата на секој наш член, гласач, поддржувач, симпатизер и граѓанин кој верува во нашата искреност и визија за подобра иднина.На ЧЛЕНОВИТЕ на Левица им должиме огромна благодарност! Вашата посветеност и пожртвуваност, истрајноста наспроти притисоците и работата за нашата заедничка кауза се движечката сила позади нашиот континуиран успех.
Растот на Левица од нула до она што е денес, организирањето теренски активности за контакт и дискусии до граѓаните, вклучувањето во кампањите, сета напорна работа и масовна мобилизација не останаа без резултат. Вашата издржливост и одлучност во клучните моменти е она што дополнително нè поттикна да одиме решително напред и ни овозможи да направиме сериозна разлика во политичката култура во Македонија.
На нашите ГЛАСАЧИ им благодариме за дадената доверба. Вашата храброст да постапите различно од сите останати, вашата мудрост да ги препознаете искрените заложби наспроти бројните лаги и манипулации во етерот, како и вербата во нашата работа и кауза е катализатор на промените кои претстојат. Ја разбираме тежината на одговорноста што ни ја доверивте и ветуваме дека чесно и доблесно ќе работиме за да бидеме достојни на Зборот даден кон вас. Идејата за поубава Македонија е жива и преку нашата работа во законодавниот дом ќе ја чуваме и работиме на нејзина реализација. Вашиот глас ни даде простор да се залагаме за политики кои даваат приоритет на благосостојбата на граѓаните, заштита на животната средина и на националните ресурси, унапредување на состојбите во здравството, образованието, правосудството, но и заштита на националното прашање и македонскиот идентитет.
На сите наши СИМПАТИЗЕРИ и поддржувачи (дома и во странство), ви благодариме што останавте покрај нас во текот на нашиот перманентен раст и созревање на политичката сцена. Без разлика дали тоа беше преку волонтирање, донации, јавна поддршка, споделување на нашите идеи или друг начин, вашата поддршка е непроценлива.
Со Левица, нема веќе инфериорни Македонци во сопствената држава!Со цел на нè запрат – прво нè исмеваа, потоа нè напаѓаа, а сега, веќе ни се плашат!Затоа, Борбата не смее да запре, сè додека не ги победиме!“ вели меѓудругото Апасиев.
Македонија
Став од Кабинетот на претседателката Силјановска во врска со употребата на името Македонија
Published
14 часа agoна
мај 13, 2024By
Media Press„Во своите јавни настапи, македонската претседателка има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, почитувајќи ги основните човекови права и слободи, и согласно европските вредности и начела.
Претседателката Гордана Силјановска Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име.
Согласно Уставот, како што беше подготвена од службите на Собранието, свечената заклетва беше потпишана со користење на уставното име.
Македонските институции во последниве 5 години речиси целосно ги исполнија обврските од Преспанскиот договор и претседателката очекува сите македонски партнери да ги почитуваат билатералните и мултилатерални обврски кои ги презеле кон земјата“ стои во соопштението од кабинатот на претседателката.
Инаку вчера беше извршена инаугурација на новата претседателка на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова. При давање на заклетвата, повторувајќи по претседателот на Собранието, Јован Митрески кој го користеше уставното име Република Северна Македонија, Силјановска-Давкова употребуваше само Македонија. Таа рече дека ќе биде претседателка на сите, а обраќањето во Собранието го посвети на жените. Тоа предизвика реакции во меѓународната јавност посочувајќи да се почитува Преспанскиот договор, но поддршка кај поголемиот дел од македонскиот народ.
Македонија
ОМД и честита на првата жена Претседател на Македонија и ja поздрави употребата на правилното уставно име на државата
Published
16 часа agoна
мај 13, 2024By
Media PressОбединетата Македонска Дијаспора (ОМД), водечката организација што ја претставува македонската дијаспора ширум светот, со гордост и честита на професорката д-р Гордана Силјановска Давкова за нејзината значајна инаугурација, како прва жена претседател на Македонија.
„Претседателката Силјановска Давкова на историската церемонија го реафирмираше уставното име на нашата Македонија, потврдувајќи го основното право на Македонците на самоопределување. ОМД ја поздравува нејзината непоколеблива заложба за зачувување на нашиот национален идентитет и суверенитет, чувство што се повторува во нејзините обемни придонеси, вклучително и основниот труд „За „Договорот од Преспа“ и понатаму“, објавен од ОМД во октомври 2018 година, достапен на нашата веб-страница со кликнување овде.
Во оваа значајна пригода, додека го славиме Денот на мајката, ОМД упатува срдечни честитки не само до претседателката Силјановска Давкова, туку и до сите извонредни мајки ширум светот. Денешниот ден симболизира не само триумф на родовата еднаквост, туку и доказ за силата и издржливоста на жените лидери насекаде.
Историската победа на претседателката Силјановска Давкова означува ново поглавје во патувањето на Македонија, влевајќи надеж и оптимизам за посветла иднина. ОМД со нетрпение очекува да соработува со нејзината администрација за зајакнување на врските меѓу македонската дијаспора и нашата татковина, поттикнувајќи просперитет и напредок за генерациите што доаѓаат.
Додека ја славиме оваа значајна пригода, да ја потврдиме нашата посветеност на единството, напредокот и трајниот дух на македонскиот народ“, стои во соопштението од ОМД.