Connect with us

Струмица

Полн шлепер со медицинска опрема за болницата во Струмица, од хуманитарно здружение од Австрија

Виолета | Media Press

Published

on

Tранспортната компанија „Зиго-Шпед“ од Радовиш, органзира и достави полн шлепер со медицинска опрема  во струмичката болница донација од Австрија, испратена од Хуманитарното здружение „Хикуде“, предводено од Марта Реитер.

Станува збор за хуманитарно здружение кое повеќе од една деценија помага на здравствените установи во земјите од Источна Европа. Во Македонија досега има донирано во болниците во Радовиш, Виница, Штип, а со денешната донација оваа здружение по втор пат обезбедува медицинска опрема за болницата во Струмица.

Управителот на „Зиго – Шпед“ Зоран Мицев рече дека се одлучиле оваа донација да ја достават за струмичката болница бидејќи овде се лекуваат граѓаните од  целиот регион.

Доставени се нови 31 кревети-електрични со нови душеци, 8 детски бокс креветчиња за новороденчиња, 4 електрични колички за инвалидизирани лица, помагала за движење, 20 колички за инвалиди, ортопедски гипсери, униформи за вработените, постелнина, крпи и многу други средства кои се потребни за функционирање на болницата.

Директорот на ЈЗУ „Општа Болница“ Струмица, д-р Наќе Гогов се заблагодари на донацијата на здружението „Хикуде“ од Австрија, но и на радовишката компанија „Зиго-Шпед“, која ја транспортира опремата од Австрија до Струмица, потенцирајќи дека ова донација е добредојдена и ќе биде распоредена по болничките одделенија и амбуланти, а дел ќе биде и за новиот Ургентен центар во Струмица, кој е во завршната фаза со внатрешните градежни активности.

прикажи повеќе
Advertisement

Струмица

Комбе полно со мигранти предизвика тешка сообраќајна несреќа во Струмица

Виолета | Media Press

Published

on

Три лица се повредени, но се надвор од животна опасност, а уште неколку се здобиле со полесни повреди во денешната  сообраќајна несреќа во Струмица предизвикана од комбе полно со мигранти.

 Сите повредени се примени во струмичката болница и им е укажана неопходната помош. Несреќата се случила на улица Младинска во која комбето со кочански регистарски ознаки се движело со огромна брзина. Во еден момент изгубило контрола и удрило во неколку паркирани возила.

По несреќата дел од мигрантите избегале. За сега нема конкретни податоци  колкав бил нивниот број. Според неофицијалните информации се работи за бројка од околу триесетина мигранти . Детали за несреќата не соопштија ниту од МВР. Од таму само го потврдија настанот и информацијата дека комбе со кончански табли управувано од возач од Кочани учествувало во несреќата. Повеќе информации најавија по завршувањето на увидот и целосното расчистување и документирање на случајот.

Continue Reading

Избори 2020

Костадинов на маратонски брифинг со новинарите од Југоистокот

Виолета | Media Press

Published

on

Кандидатот за пратеник Костадин Костадинов од Струмица, од СДСМ и колацијата „Можеме“ на маратански брифинг со новинарите од Југоисточниот регион, одговараше на прашања кои ги поставува новинарите, во име на граѓаните.

На прашањето дали може да се очекува некоја инвестиција во Радовиш па и во регионот, за вработување на невработените и да се спречи иселувањето на млади лица, Костадинов рече дека за да се привлече некоја странска или домашна инвестиција, најпрво треба да се изгради инфраструктурата.  

Continue Reading

Струмица

Опожарени неколку складирани возила на пункт за старо железо во Струмица

Александар | Media Press

Published

on

Во утринските часови од на пункт за старо железо на излезот од Струмица кон Валандово од непознати причини избувна пожар. Од ТППЕ Струмица известуваат дека се опожарени неколку возила што биле складирани во пунктот.

Во гаснењето на пожарот учествувале шест пожарникари со три противпожарни возила. Пожарот е успешно локализиран.

„Денес, (четврток) 02.07.2020 година во 09.25 часот во атарот на село Дабиле, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенираше на гаснење на запалена сува трева и ѓубре.Во 10.57 часот на бул.Климент Охридски со 3 ПП возила и 6 пожарникари интервенираше на гаснење на отпад на стари автомобили. Пожарите се успешно локализирани и ликвидирани.“ – Објавија ТППЕ Струмица на својата Фејсбук страница

Continue Reading
Advertisement